Амбасадорот на Турција во Скопје Секизќок ја посети Атиџе од документарниот филм „Медена земја“

Амбасадорот на Република Турција во Скопје Хасан Мехмет Секизќок ја посети Атиџе Муратова, главната хероина од документарниот филм „Медена земја“ кој е номиниран за Оскар во категориите „Најдобар документарен филм и „Најдобар странски филм“

1351691
Амбасадорот на Турција во Скопје Секизќок ја посети Атиџе од документарниот филм „Медена земја“

Амбасадорот на Република Турција во Северна Македонија Хасан Мехмет Секизќо, ја посети Атиџе Муратова, главната хероина од документарниот филм „Медена земја“ кој е номиниран за Оскар во категориите „Најдобар документарен филм и „Најдобар странски филм“ во нејзиното ново село.

Амбасадорот на Турција во Скопје Секизќок, кој пред неколку дена го посети селото Дорфулија во општина Лозово кај Штип, беше придружуван од координаторот на ТИКА во Скопје Ајтекин Ајден.

Секизќок, при посетата, на Атиџе и на нејзиното семејство им подари различни подароци.

Потоа, амбасадорот на Турција во Скопје Хасан Мехмет Секизќок, Атиџе Муратова и нивната придружба заедно се вратија во Скопје.

Во Скопје ја посетија Старата скопска чаршија и џамијата „Султан Мурат“.

Потоа амбасадорот Секизќок, заедно со Атиџе и придружбата отидоа на ручек во резиденцијата на Амбасадата на Турција во Скопје. (Агенција Анадолија-АА)



Слични вести