Мевлут Чавушоглу се состана со бугарскиот премиер Бојко Борисов

Министерот за надворешни работи Мевлут Чавушоглу во рамките на својата посета на Бугарија се состана и со премиерот Бојко Борисов

1351165
Мевлут Чавушоглу се состана со бугарскиот премиер Бојко Борисов
Sveta Karayençeva çavuşoğlu.jpg

Министерот за надворешни работи Мевлут Чавушоглу во рамките на својата остварена посета на Бугарија се состана и со премиерот Бојко Борисов.

По средбата којашто беше затворена за медиумите од прес центарот на бугарската влада беше објавено соопштение во кое беше изнесено обостраното задоволство и на двете страни по повод интензивниот дијалог во взаемните односи.

Во соопштението им се одделува место на следните изјави на бугарскиот премиер Бојко Борисов: "Оваа наша средба со господинот Чавушоглу која што ја остваруваме по Давос, а воедно и нашата средба со претседателот Реџеп Тајјип Ердоган за време на отворањето на гасоводниот проект Турски тек во Истанбул, ја зајакнаа атмосферата на позитивните односи помеѓу нашите земји."

Укажувајќи на тоа дека здравите и стабилни билатерални односи со Турција се значаен дел од надворешната политика на неговата земја, Борисов нагласи дека Турција освен тоа што е соседна земја и НАТО сојузник за Бугарија, воедно е значаен партнер во рамките на Европската унија (ЕУ) во нерегуларната миграција, борбата против тероризмот, обезбедувањето на енергетските извори, инфраструктурата за енергетска безбедност, трговијата и во сферата на земјоделството.

Велејќи дека им придаваат големо значење на напорите коишто ги вложува Турција во применувањето на постигнатата спогодба со Европската унија (ЕУ) во сферата на миграцијата, бугарскиот премиер Бојко Борисов го рече следното: "Како најуочлив доказ на нашата извонредна соработка во оваа сфера го сметаме сведувањето на нула на миграцискиот притисок на границата со Бугарија."

Борисов истакна дека згрижувањето на голем број Сиријци и причинува голем товар на Турција и дека се ценат напорите на Турција по ова прашање.

Осврнувајќи се на значењето од поврзувањето на системите за испорака на природниот гас на двете земји, бугарскиот премиер Бојко Борисов појасни дека тоа ќе обезбеди корист во разноликувањето на изворите на обезбедување на природен гас.

Министерот за надворешни работи Мевлут Чавушоглу во објавата што ја сподели на својот профил во врска со средбата со бугарскиот премиер Бојко Борисов го напиша следното: "Со бугарскиот премиер Бојко Борисов остваривме продуктивна средба. Ги разгледавме чекорите коишто ќе ги унапредат уште повеќе нашата соработка во економијата и трговската сфера. Има голем број работи коишто ќе ги оствариме заедно со Бугарија."

Чавушоглу во рамките на своите разговори во Софија, се состана и со претседателката на Народното Собрание на Бугарија Цвета Карајанчева.

Мевлут Чавушоглу во врска со остварената средба со Карајанчева го додаде и следното: "Ги разгледавме чекорите коишто ќе бидат фрлени за развојот на соработката помеѓу нашите Собранија. Во наредните месеци посакуваме да го организираме во нашата земја вториот состанок на  Комисиите за надворешни работи на Парламентите на Турција, Бугарија и Романија."



Слични вести