Порака со сочувство до Турција од претседателот на Собранието на Северна Македонија Талат Џафери

Претседателот на Собранието на Северна Македонија Талат Џафери на својот официјален профил на социјалната мрежа Фејсбук објави соопштение со сочувство до семејствата на загинатите во земјотресот во Елазиг во Турција

1348387
Порака со сочувство до Турција од претседателот на Собранието на Северна Македонија Талат Џафери

Претседателот на Собранието на Северна Македонија Талат Џафери изрази сочувство до семејствата на загинатите лица во земјотресот со јачина од 6,8 степени по Рихтер што на 24 јануари 2020 година во петокот во 20:55 часот по локално време, го погоди градот Елазиг и поширокото подрачје во источниот дел на Турција.

Џафери на својот официјален профил на социјалната мрежа Фејсбук напиша: „Почитувани претставници на институциите на Република Турција и почитувани граѓани на пријателска Република Турција, дозволете од мое лично име и од име на пратениците во Собранието на Република Северна Македонија да изразам искрено сочувство на семејствата на жртвите што ги предизвика земјотресот што го потресе Елазиг во источна Турција и да посакам брзо и успешно заздравување на повредените во оваа ужасна несреќа. Моите мисли, надежи и искрени желби за бројот на жртвите да биде што помал а поредените да бидат со што помали здравствени и душевни последици. Ние сме со вас, останете силни!".

Сочувство до семејствата на загинатите во земјотресот во Турција претходно упатија и претседателот на Северна Македонија Стево Пендаровски, премиерот Оливер Спасовски и министерот за надворешни работи Никола Димитров.

Билансот на загинати во силниот земјотрес во Турција се искачи на 41, соопшти Управата за елементарни непогоди и итни состојби (АФАД).

Според АФАД, од вкупно 1.607 повредени лица, 1.516 се пуштени на домашно лекување, додека 45 лица се спасени од под урнатините на куќите и зградите. (Агенција Анадолија-АА)



Слични вести