Словенечкиот премиер Марјан Шарец поднесе оставка и повика на одржување предвремени избори

Словенечкиот премиер Марјан Шарец во соопштението за јавноста наведува дека со моменталната Влада не може да го спроведе она што му го ветил на народот, додавајќи дека тоа би го можел да го направи по изборите

1348141
Словенечкиот премиер Марјан Шарец поднесе оставка и повика на одржување предвремени избори

Словенечкиот премиер Марјан Шарец денеска поднесе оставка од премиерската функција и повика да се оди на предвремени парламентарни избори.

Шарец кој ја презеде функцијата премиер на малцинската Влада којашто беше формирана по одржаните парламентарни избори во Словенија во јуни 2018 година, како причина за својата оставка го изнесе тоа што „моменталната Влада не расолага со сила да донесе некои значајни закони“.

Застанувајќи во одбрана на тоа дека со моменталната влада не може да го спроведе она што му го ветил на народот, Шарец рече дека доколку биде повторно избран по одржаните предвремени парламентарни избори, би можел да делува поздраво и послободно.

Шарец напомена дека своето писмо со оставка ќе го достави денеска до Парламентот на Словенија.

Инаку, и словенечкиот министер за финансии Андреј Бертонцељ на 24 јануари соопшти дека поднесува оставка од својата министерска функција поради некои различни погледи коишто постојат во врска со здравственото осигурување.

Претседателот на Листата на Марјан Шарец (ЛМШ) по одржаните парламентарни избори на 3 јуни 2018 година во Словенија, по одржаното гласање во Парламентот беше назначен за мандатор за формирање на новата влада.

Малцинската влада на Шарец составена од 5 централни левичарски партии беше формирана во септември 2018 година.



Слични вести