Пораки со сочувство од државниот врв на Северна Македонија до Турција по повод земјотресот во Елазиг

Претседателот на Северна Македонија Стево Пендаровски и премиерот на техничката Влада Оливер Спасовски упатија пораки со сочувство до семејствата на загинатите во земјотресот којшто синоќа го погоди градот Елазиг и околината во источниот дел на Турција

1347070
Пораки со сочувство од државниот врв на Северна Македонија до Турција по повод земјотресот во Елазиг

Претседателот на Република Северна Македонија Стево Пендаровски изрази сочувство до семејствата на загинатите лица во земјотресот во Турција.

„Изразувам длабоко сочувство до семејствата и блиските на загинатите лица во земјотресот во Турција. Солидарност со Турција и турскиот народ", напиша Пендаровски на неговиот официјален профил на социјалната мрежа Твитер.

- Спасовски: „Нашите мисли се со турските граѓани, подготвени сме да помогнеме"

Премиерот на техничката Влада на Република Северна Македонија Оливер Спасовски изрази поддршка и солидарност со Турција и турскиот народ по земјотресот кој ја погоди оваа земја.

„Изразуваме силна поддршка и солидарност со Турција и турскиот народ. Сочувство до семејствата на загинатите во страшниот земјотрес. Нашите мисли вечерва се со турските граѓани. Подготвени сме да помогнеме", напиша Спасовски на неговиот официјален профил на социјалната мрежа Фејсбук.

Синоќа во 20:55 часот по локално време се случи земјотрес со јачина од 6,8 степени по Рихтер кој го погоди градот Елазиг и поширокото подрачје во источниот дел на Турција.

Управата за елементарни непогоди и итни состојби (АФАД) соопшти дека епицентарот на потресот е регистиран во местото Сивриџе, недалеку од градот Елазиг.

АФАД формираше кризен штаб, а од бројни градови ширум Турција во градот Елазиг се упатени голем број спасувачки екипи.

Земјотресот беше почувствуван и во околните  градови на Елазиг, како што се Малатја, Дијарбакир, Мардин, Адана, Хатај, Османије, Газиантеп, Тунџели, па дури и во подрачјата на северните делови на соседните земји Сирија и Ирак.

Од АФАД исто така е потврдено дека по овој земјотрес се забележни уште 60 дополнителни потреси со послаб интензитет, меѓу кои осум посилни со интензитет од 4,0 по Рихтер. 

Во регионот загрозен со земјотрес на граѓаните им се ставени на располагање јавните домови, спортските сали, интернарите, училиштата и други објекти кои можат да послужат за привремено сместување.

Продолжуваат активностите за пребарување и спасување во погоденото подрачје, каде што спасувачките екипи работат непрекинато за пронаоѓање и извлекување на затрупаните лица од под рушевините на срушените згради. (Агенција Анадолија-АА) 



Слични вести