Ерен, стипендиите на Турција ги промовиаше во Бугарија

Ние придаваме големо значење на мирот на Балканот и унапредувањето и развојот на билатералните  односи на повисоко ниво со соседните копнени поморски земји

1345387
Ерен, стипендиите на Турција  ги промовиаше во Бугарија

Претседателот на Управата за Турците во странство и роднински заедници (ЈТБ) Абдулах Ерен рече дека секоја година со стипендиите на Турција на околу 4 илјади странски студенти им се обезбедува да студираат во Турција и тоа не само на високо факултетско образование, туку дека стипендиите истовремено ги опфаќаат и постдипломските и докторските студии. Ерен во оваа прилика рече дека соседна Бугарија е многу значајна за Турција.

Абдулах Ерен во Бугарија ги промовираше „Стипендиите на Турција“.

На промотивната свеченост што се одржа на Универзитетот Константин Преславски, Ерен сесостана со ректорот на универзитетот проф. д-р Георги Колев.

Абдулах Ерен во оваа прилика рече дека за програмата на стипендии на Турција за факултетите на 208 универзитети, од кои 128 се државни, аплицираат кандидати од над 170 земји.

Во говорот на свечената промоција на „Стипендиите на Турција“, Ерен потенцираше на значењето на квалитетот на високото образование во Турција и во тој контекст рече:

„Наш најзначаен критериум е академскиот успех. При доделувањето на стипендиите посебно внимаваме на академскиот успех, а не на етничкиот или верски идентитет“.

Во освртот на програмата за промоција на „Стипендиите на Турција“, претседателот на ЈТБ Ерен рече: „Цела една недела во Бугарија реализиравме кампања за промоција на стипендиите. Во тие рамки очекувам раст на бројот на кандидатите за студенти од Бугарија.

Ние придаваме големо значење на мирот на Балканот и унапредувањето и развојот на билатералните  односи на повисоко ниво со соседните копнени поморски земји. Стипендиите на Турција е меѓународна програма на стипендии која е фокусирана кон успех и е отворена не само за нашите сонародници, туку и за сите млади Бугари“.



Слични вести