Напад врз историската џамија во Босанска Дубица во Босна и Херцеговина

Нападот врз историската џамија Чаршија која беше изградена во 17-от век и откако беше срушена во војната во Босна беше обновена во 2003 година и повторно отворена за верски обред, беше дочекан со реакција од страна на муслиманското бошњачко население

Напад врз историската џамија во Босанска Дубица во Босна и Херцеговина

Во градот Босанска Дубица, каде што во мнозинство живее српско население, во Босна и Херцеговина, беа скршени стаклата на прозорците и беа оштетени ѕидовите на историската џамија Чаршија.

Нападот врз историската џамија којашто е изградена во 17-от век и откако беше срушена во војната во Босна беше обновена во 2003 година и повторно отворена за верски обред (ибадет, богослужба), беше дочекан со реакција од страна на муслиманското бошњачко население.

Сафет Бегановиќ, главниот имам на Босанска Дубица каде што живеат некаде околу 2 илјади муслимани, истакна дека во врска со нападот се известени локалните власти и дека напаѓачите ги оштетиле и клупите за седење на улицата на којашто се наоѓа џамијата.

Во објавеното соопштение од Исламската заедница на Босна и Херцеговина пак, се потсетува дека историската џамија Чаршија беше подложена на сличен напад и минатата година.

Во меѓувреме, српскиот претседател на општина Босанска Дубица Раденко Рељиќ истакна дека го осудува нападот и дека целата причинета материјална штета во џамијата ќе биде надоместена од страна на општината.

Во Босанска Дубица, во Босна и Херцеговина во близина на границата со Хрватска, според извршениот попис во 2013 година живеат околу 18 илјади Срби,некаде околу 2 илјади Бошњаци и мал број Хрвати.



Слични вести