Мурат Курум: Изградбата на станбените објекти во Албанија ќе започне кон крајот на јануари

Министерот за животна средина и урбанизам Мурат Курум најави дека изградбата на 500 станбени објекти од страна на Турција наменети за оштетените од земјотресот на 26 ноември во Албанија, ќе започне кон крајот на јануари

Мурат Курум: Изградбата на станбените објекти во Албанија ќе започне кон крајот на јануари

Министерот за животна средина и урбанизам Мурат Курум кој отпатува во посета на главниот град на Албанија, Тирана, овде одржува низа средби и разговори меѓу кои се состана и со албанскиот министер за обнова Арбен Ахметај.

Овде, министерот Курум најави дека изградбата на 500 станбени објекти коишто ќе бидат изградени со дадената инструкција од страна на на претседателот Реџеп Тајјип Ердоган по земјотресот што ја погоди Албанија на 26 ноември, ќе започне кон крајот на овој месец (јануари).

На одржаната заедничка конференција по средбата, министерот Мурат Курум уште еднаш им посака милост од Аллах на жртвите во катастрофата од земјотресот на 26 ноември, а на повредените им посака побрзо оздравување.

Курум нагласи дека претседателот Ердоган има посебна љубов кон Албанија и ги достави и неговите пораки со сочувство и добри желби.

Велејќи дека од моментот кога се случи земјотресот како братска должност со посредство на својата амбасада Турција  се обиде да застане покрај своите браќа во Албанија, Мурат Курум го рече следното: „Заедно со материјалите за елементарна непогода коишто ги испративме со Црвената полумесечина Кизилај, се обидовме да ги обезбедиме потребите ѝ од шатори, ѝ од итна храна. Заедно и со шаторите коишто ги испративме денеска утрово се обидовме нашите приближно 1500 шатори да им ги ставиме во услуга на нашите албански браќа.“

Курум, освен тоа појасни дека се реализираат активности за намирање на потребите на оштетените во земјотресот и со лекари експерти, екипи и здравствен персонал.

Покрај итните потреби, министерот за животна средина и урбанизам Мурат Курум истакна дека претседателот Ердоган даде инструкција да бидат изградени и 500 станбени објекти (станови), а со цел обезбедување на потребите за сместување на оштетените во земјотресот.

Тој рече: „Изградбата на становите во Албанија ќе започне кон крајот на јануари.“



Слични вести