Лејен: Сега е редот ние да ги исполниме нашите ветувања кон Албанија и Северна Македонија

Претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лејен истакна дека Албанија и Северна Македонија ги исполнија критериумите за започнување на пристапните преговори и го рече следното: „Сега е редот ние да ги исполниме нашите ветувања“

Лејен: Сега е редот ние да ги исполниме нашите ветувања кон Албанија и Северна Македонија

Претседателката на Европската комисијата (ЕК) Урсула фон дер Лејен во рамките на посетата на Хрватска која на 1 јануари го презеде претседателствувањето со Советот на ЕУ, се состана со хрватскиот премиер Андреј Пленковиќ. 

По остварените средби со делегацијата на Европската комисијата (ЕК) Лејен одржа заедничка прес конференција со Пленковиќ и истакна дека на разговорите беа разгледани прашањата на коишто ќе се стои во текот на привременото претседателствување на Хрватска.

Велејќи дека меѓу прашањата за коишто беше разговарано се наоѓаа и изнесувањето на заеднички став на ЕУ против случувањата во Ирак и Иран и пристапните процеси на земјите од југоисточна Европа, Лејен рече: „Наредните месеци се мошне значајни од аспект на нашите односи со Балканот.“

Лејен истакна дека западноевропските земји Албанија и Северна Македонија ги исполнија критериумите коишто беа барани од нив за започнување на пристапните преговори и го рече следното: „Сега е редот ние да ги исполниме нашите ветувања.“

Претседателката на Европската комисијата (ЕК) Урсула фон дер Лејен подвлече дека новите пристапни услови ќе и бидат претставени на јавноста пред самитот што ќе се одржи во мај во Загреб и го додаде следното: „Новите услови не треба да влијаат на условите и критериумите коишто ги исполнија земјите од Западен Балкан. Албанија и Северна Македонија ги исполнија критериумите коишто беа барани за започнување на пристапните преговори.“

Хрватскиот премиер Андреј Пленковиќ истакна дека постои цврста соработка меѓу Владата на Хрватска и Европската комисијата (ЕК), а воедно подвлече дека на денешната средба разговара за најактуелните прашања и за приоритетите за време на претседавањето на Хрватска.



Слични вести