Зоран Милановиќ нов претседател на Хрватска

Претставникот на Социјалдемократите во Хрватска освои 52,7 отсто од гласовите

1335178
Зоран Милановиќ нов претседател на Хрватска

По завршувањето на вториот круг на гласање на претседателските избори и неофицијалните резултати, Зоран Милановиќ претставникот на Социјалдемократите во Хрватска со 52,7 отсто освоени гласови беше избран за нов претседател на Хрватска.

На вториот круг на претседателските избори во Хрватска се натпреваруваа заедничката кандидатка на сојузот предводен од централната десничарска партија Хрватска демократска заедница (ХДЗ), актуелната претседателка  Колинда Грабар Китаровиќ и заедничкиот кандидат на сојузот предводен од Социјалдемократската партија (СДП) Зоран Милановиќ.

Според неофицијалните резултати кои беа објавени од страна на Државната изборна комисија на Хрватска (ДИП), заврши одбројувањето на 98 отсто од гласовите.

52,7 отсто од гласовите освои Зоран Милановиќ и на тој начин ја гарантираше победата.

Актуелната претседателка Китаровиќ освои 47,3 отсто од гласовите.

Според податоците на комисијата, одѕивот на гласачите на изборите изнесуваше 55 отсто.



Слични вести