Постојаниот претставник на Хрватска во Брисел рече: „Турција е значаен партнер на ЕУ“

„Иако односите со Анкара се комплексни, ние сакаме да се фокусираме на преговорите со Турција“ рече Ирена Андраси

1335719
Постојаниот претставник на Хрватска во Брисел рече: „Турција е значаен партнер на ЕУ“

Ирена Андраси, постојаниот претставник на Хрватска во Брисел рече дека „Турција е значаен партнер на ЕУ и се фокусираат на активностите како можат да се интензивираат односите со Турција“.

Амбасадорката Андраси во Меѓународната унија за печат (АПИ) направи проценка на шест месечното привремено претседавање на Хрватска со ЕУ.

Андраси на конференцијата потенцираше дека „Турција е значаен партнер во низа полиња на ЕУ.

Затоа соработката во сферата на миграциите сакаме да ја зголемиме на повисоко ниво. Од друга страна пак, деновиве треба да разговараме со Турција за геостратешките прашања.

Иако односите со Анкара се комплексни, ние сакаме да се фокусираме на преговорите со Турција.

Надоврзувајќи се на политиката за проширување на ЕУ, Андраси рече дека Хрватска е на страната на започнување на пристапните преговори со Албанија и Северна Македонија.

Прашањето повторно ќе биде изнесено на претстојниот лидерски самит на ЕУ и ќе биде едно од приоритетните прашања на проширувањето.

Меѓу другите приоритетни прашања во шестмесечното привремено претседавање со ЕУ беше и прашањето Брегзит рече амбасадорката Андраси и додаде дека определувањето и утврдувањето на буџетот на  ЕУ за претстојниот период од 2020 до 2027 година, борбата со климатските промени и зајакнувањето на единствениот пазар беа исто така значајни прашања на кои им беше придадено посебно значење.



Слични вести