Зорана Михајловиќ: Се интензивира соработката во инфраструктурата меѓу Турција, Србија и БиХ

Вицепремиерката и министерка за градежништво, транспорт и инфраструктура на Србија Зорана Михајловиќ изјави во Белград дека се интензивира соработката во инфраструктурата меѓу Турција, Србија и Босна и Херцеговина.

1334747
Зорана Михајловиќ: Се интензивира соработката во инфраструктурата меѓу Турција, Србија и БиХ

Вицепремиерката и министерка за градежништво, транспорт и инфраструктура на Србија Зорана Михајловиќ одржа состанок за претставниците на печатот во Белград кадешто меѓу другото информира дека се интензивира соработката во инфраструктурата меѓу Турција, Србија и Босна и Херцеговина.

Михајловиќ истакна дека добрите односи помеѓу претседателот Реџеп Тајјип Ердоган и претседателот на Србија Александар Вучиќ  се одразуваат и на соработката помеѓу двете земји, а воедно напомена дека оваа соработка развива проекти од крајно големо значење како што е проектот на автопатот Сараево-Белград кој што се реализира помеѓу Србија и Босна и Херцеговина, а со поддршка на Турција.

Привлекувајќи внимание на значењето на проектот за којшто станува збор, Михајловиќ ја изнесе следната констатација: „Кога ќе погледнете кон картата на поранешна Југославија можете да го забележите недостатокот од автопат. Според мене тоа би можело да е и изворот на недоразбирањата до коишто доаѓаше во минатото. Впрочем, патиштата ги претставуваат врските помеѓу луѓето. На едно место онолку колку што многу има патишта толку се олеснува и протекот на луѓе и стока, толку многу расте и квалитетот на животот.“

Вицепремиерката и министерка за градежништво, транспорт и инфраструктура на Србија Зорана Михајловиќ потсети дека во рамките на посетата на претседателот Реџеп Тајјип Ердоган на Србија во октомври минатата година беше реализирана и церемонија на поставување на камен темелникот на делницата Сремска Раца-Кузмин од делот на проектот на автопатот Сараево-Белград, којшто поминува низ Србија.

Михајловиќ ја изнесе својата желба ѝ Босна и Херцеговина во блиско време да фрли конкретни чекори во врска со проектот на автопатот, а воедно го додаде и тоа дека доцнењето по ова прашање произлеува од комплексната полиитчка структура на Босна и Херцеговина.



Слични вести