Претседателот Стево Пендаровски му го врачи мандатот на Спасовски за формирање на техничката Влада

Претседателот на Северна Македонија Стево Пендаровски, му го врачи мандатот на досегашниот министер за внатрешни работи Оливер Спасовски за формирање на техничката Влада

1334487
Претседателот Стево Пендаровски му го врачи мандатот на Спасовски за формирање на техничката Влада

Претседателот на Северна Македонија Стево Пендаровски, му го врачи мандатот за формирање на техничката Влада на досегашниот министер за внатрешни работи Оливер Спасовски, кој по гласањето во Собранието ќе ја предводи Владата составена од политичките партии во позиција и опозиција, што ќе ги организира предвремените парламентарни избори закажани за 12 април оваа година.

„Наша задача е да направиме сѐ да продолжи напредокот на државата, да направиме сѐ да имаме фер и демократски избори, и да овозможиме граѓаните слободно да донесат одлука. Меѓутоа, потребно е сите институции да ја продолжат својата работа со истата динамика како што работеа и досега“, рече Спасовски на церемонијата за доделување на мандатот.

Останува Спасовски да ја достави работната програма и составот на техничката Влада до Парламентот, со цел до полноќ да се изгласа оваа влада, која треба да почне со работа 100 дена пред одржување на парламентарните избори.

Претходно, Парламентот ја констатираше оставката на досегашниот премиер Зоран Заев, која беше доставена до Парламентот врз основа на договорот постигнат меѓу политичките партии во пресрет на предвремените парламентарни избори.

Техничката Влада ќе се состои од министри и заменици-министри од позицијата и опозицијата. Две клучни позиции, односно Министерството за внатрешни работи и Министерството за труд и социјална политика, ќе бидат предводени од страна на кадарот на опозициската ВМРО-ДПМНЕ.

Заев ја соопшти оставката откако Комисијата на ЕУ не даде зелен сигнал за започнување на преговорите за членство на земјата во ЕУ, по што политичките партии се согласија за одржување предвремени избори, чија организација ќе ја води техничката Влада.

Последните парламентарни избри се одржаа на 11 декември 2016 година. (Агенција Анадолија-АА)



Слични вести