Претседателот на Северна Македонија Пендаровски му го врачи мандатот на Спасовски за формирање на техничката Влада

Собранието на Северна Македонија ја констатира оставката на премиерот Зоран Заев, а веднаш потоа претседателот на државата Стево Пендаровски му го врачи мандатот на досегашниот министер за внатрешни работи Оливер Спасовски за формирање на техничката Влада

1334406
Претседателот на Северна Македонија Пендаровски му го врачи мандатот на Спасовски за формирање на техничката Влада
Makedonya Başbakanı Zoran Zaev.jpg

Собранието на Република Северна Македонија на својата денешна седница ја констатира оставката на премиерот Зоран Заев, поднесена по договорот на политичките партии за одржување на предвремени парламентарни избори на 12 април годинава.

До поноќ, се очекува Собранието да ја изгласа техничката Влада на чело со досегашниот министер за внатрешни работи Оливер Спасовски.

Од утре, па во следните сто дена Спасовски со техничката Влада треба да ги организираат изборите.

Премиерот Зоран Заев во документот што го достави до Собранието истакна дека оставката ја поднесува по договорот постигнат со лидерите на политичките партии за одржување на предвремените избори на 12 април.

Инаку, денеска претпладне од страна на Кабинетот на претседателот на Собранието Талат Џафери беше соопштено дека оставката на Зоран Заев е доставена до претседателот на државата Стево Пендаровски, кој пак неколку часа потоа му го врачи мандатот на досегашниот министер за внатрешни работи Оливер Спасовски за формирање на техничката Влада.

Привремената техничка Влада предводена од Спасовски која ќе управува со земјата до предвремените парламентарни избори до полноќ се очекува да добие доверба во Собранието и од утре да стапи на задача.

Инаку, откако Советот на Европската унија не донесе одлука за започнување на преговорите за членство со Република Северна Македонија, Зоран Заев соопшти дека ќе се оди на предврмеени парламентарни избори.

Потоа пак, политичките партии во Северна Македонија се договорија предвремените парламентарни избори да се одржат на 12 април 2020 година.



Слични вести