Новата 2020 година во балканските земји дочекана со огномет и концерти на отворено

Во главниот град на Северна Македонија, Скопје, голем број граѓани Новата година ја дочекаа на плоштадот „Македонија“ каде што ги забавуваше балканската музичка ѕвезда Дино Мерлин, како и други музички групи како „Џипси Грув“ и „Суперхикс“

1332921
Новата 2020 година во балканските земји дочекана со огномет и концерти на отворено
Balkan ülkeleri yeni yıl.jpg

Новата 2020 година е дочекана со музика, забава и огномет на полноќ на плоштадите на главните градови низ целиот Балкан, во Северна Македонија, Албанија, Косово, Босна и Херцеговина, Србија, Хрватска и Црна Гора.

- Голем број граѓани во Скопје Новата година ја дочекаа на плоштадот „Македонија“

Во главниот град на Северна Македонија, Скопје, голем број граѓани Новата година ја дочекаа на плоштадот „Македонија“ каде што ги забавуваше балканската музичка ѕвезда Дино Мерлин, како и други музички групи како „Џипси Грув“ и „Суперхикс“.

Новогодишната прослава ја организираше Град Скопје, додека на плоштадот „Македонија“ веќе околу три недели се одржуваат разни новогодишни активности.

Во овој период на плоштадот „Македонија“ беа поставени дрвени куќички како дел од новогодишниот базар „Винтерленд 2020“, каде што беа нудени рачно изработени сувенири, украси, книги, божикни подароци, како и гастрономски специјалитети и топли пијалоци.

- Во Тирана, на плоштадот „Скендербег“ се одржаа концерти

Граѓаните на Албанија исто така ја дочекаа Новата 2020 година на плоштадите во различни градови низ земјата.

Но, дел од нив ја дочекаа дома во семејна атмосфера.

Во организација на општина Тирана, на плоштадот „Скендербег“ се одржаа концерти на кои настапија различни локални пејачи, по кои следеше спектаклот со огномет на полноќ.

- Во Приштина Новата 2020 година дочекана со огномет и концерти

Со огномет и со концерт и жителите на Приштина влегоа во Новата 2020 година.

Во последните години во Косово се организираат и настани на плоштадите на поголемите градови во земјата, особено во главниот град Приштина.

На концертот кој започна во 22:00 часот на плоштадот „Скендербег“, настапија албански музичари.

Традиционално, повеќето од граѓаните на Косово Новата година ја дочекаа во домашна атмосфера, во кругот на семејството.

- Новата година во Сараево дочекана на плоштадот Босна и Херцеговина

Со песните на регионалната музичка ѕвезда Жељко Јоксимовиќ, десетици илјади Сараевчани и туристи ја дочекаа Новата година на плоштадот Босна и Херцеговина.

На полноќ беше организиран спектакуларен огномет, а Новата година на граѓаните им ја честита градоначалникот Абдула Скака.

- Дочек на Новата година пред Собранието на Србија

Дочекот на Новата година на отворено во Белград се одржа пред Собранието на Србија, каде што граѓаните во 2020 година влегоа со музиката на Лепа Брена и огномет.

Како и претходните години, голем број граѓани, но и туристи, решија да ја дочекаат 2020 година на отворено.

- Дочек на Новата 2020 година на преполниот Плоштад Јосип Јелачиќ во Загреб

На преполниот Плоштад бан Јосип Јелачиќ илјадници жители на Загреб, туристи и посетители на главниот град на Хрватска Новата 2020 година ја пречекаа со музичките настапи, а точно на полнќ имаа можност да го видат раскошниот огномет.

Прославата пред илјадниците насобрани на главниот плоштад во Загреб ја започнаа Нови фосили со своите хитови, а точно на полноќ, по одбројувањето и со традиционалниот огномет, среќна Нова 2020 година на сите им посака градоначалникот на Загреб, Милан Бандиќ.

Музичката програма по полноќ продолжи со „Прљаво казалиште“ до доцните часови.

- Во Подгорица дочек на централниот плоштад

Во Подгорица и оваа година градските власти го организираа дочекот на Новата година на централниот градски плоштад, а граѓаните се забавуваа со локални бендови, додека на 1 јануари ќе настапи Дарко Рундек и Марко Луис. (Агенција Анадолија-АА)



Слични вести