Санадер осуден на казна затвор од 6 години

Според резултатите од истрагата, половина од митото од 10 милиони евра за кое била постигната согласност, била земена, додека останатата половина од 5 милиони евра Санадер треба да ја врати на државата.

1332033
Санадер осуден на казна затвор од 6 години

Поранешниот хрватски премиер Иво Санадер осуден на казна затвор од 6 години поради злоупотреба на должноста и мито.

Кантоналниот суд во Загреб ја објави пресудата во врска со судската постапка „ИНА-МОЛ“ која повторно беше разгледана.

Судот пресуди дека во процесот на откупот на хрватската енергетска агенција ИНА од страна на унгарската компанија за нафта и гас МОЛ, Санадер примил мито, поради што на поранешниот премиер му одреди казна затвор од 6 години за примање мито, додека на високиот раководител на компанијата МОЛ, Золт Хернади пораи примање мито му одреди казна затвор од 2 години.

Судијката Маја Стампар која го објави образложението на пресудата рече дека според изјавата на Хернади, Санадер рекол дека на гласањето за преземање на МОЛ од страна на ИНА ќе гласа за возврат од мито во износ од 10 милиони евра, поради што ја злоупотребил премиерската должност.

Според резултатите од истрагата, половина од митото од 10 милиони евра за кое била постигната согласност, била земена, додека останатата половина од 5 милиони евра Санадер треба да ја врати на државата.

Двајцата обвинети, Хернади бидејќи не е во Хравстака и Санадер кој се наоѓа во затвор, бидејќи пред одреден период се оперираше, не учествуваа на расправата.

Иако пресудата во врска со судската постапка „ИНА-МОЛ“ беше донесена уште во 2013 година, Уставниот суд во 2015 година пресуди постапката повторно да се разгледа.

Во меѓувреме, поранешниот хрватски премиер Санадер кој на функција се наоѓаше од 2003 до 2009, претходно беше казнет за примање мито и корупција, злоупотреба на должноста, бесправно стекнување приходи и имот.



Слични вести