Ерсин Татар: Соработката на Кипарско-грчата управа со генералот пучист Хафтар е неприфатлива

Премиерот Ерсин Татар привлече внимание дека со загриженост беа следени завчерашните разговори на Акиле Салих, претседателот на прохафтарското Претставничко собрание на Либија, во грчкиот дел на Кипар и нивните политички потраги насочени против Турција

1331655
Ерсин Татар: Соработката на Кипарско-грчата управа со генералот пучист Хафтар е неприфатлива

Премиерот на Турската Република Северен Кипар (ТРСК) Ерсин Татар даде низа изјави во врска со односите коишто либиските политичари приврзаници на генералот пучист Халифа Хафтар ги води со Кипарско-грчката управа, а коишто се насочени против Турција.

Татар истакна дека соработката на Кипарско-грчката управа со генералот пучист Хафтар во Либија е неприфатлива и ја изнесе следната констатација: „Претставува неприфатлив став тоа што Кипарско-грчката управа се нафаќа на соработка со генералот пучист Хафтар кој војува против меѓународно признатата влада во Либија, а со што се цели кон насилно одземање на правата на Турција и Турската Република Северен Кипар (ТРСК).“

Подвлекувајќи дека ги следат одблизу случувањата во врска со геополитиката во Источниот Медитеран, Татар нагласи дека неговата земја и Турција се одлучни за одбрана на своите национални и стратешки интереси.

Премиерот на Турската Република Северен Кипар (ТРСК) Ерсин Татар привлече внимание дека со загриженост беа следени завчерашните разговори на Акиле Салих, претседателот на прохафтарското Претставничко собрание на Либија, во грчкиот дел на Кипар и нивните политички потраги насочени против Турција.

„Оваа остварена посета, уште еднаш го покажа тоа дека е неопходно да ги разгледаме детално со една широка перспектива кон Средоземното Море нашиот приод кон Кипарскиот проблем и нашата надворешна политика.“ - рече Татар.   

Премиерот на Турската Република Северен Кипар (ТРСК) Ерсин Татар додаде дека постигнатиот договор на Турција со Владата на национално единство на Либија во однос на одбранбената соработка и разграничувањето на сферите на надлежност во морето (утврдувањето на морската граница), претставува камен темелник за елиминирање на плановите со коишто се цели против Турција, во медитеранската геополитика.



Слични вести