Турција продолжува да испраќа помош на настраданите во земјотресот во Албанија на 26 ноември

Од страна на Одделот за Консултантски услуги за верски прашања при Амбасадата на Република Турција во Тирана, им беше раздадена помош на семејствата кои беа погодени и оштетени од земјотресот

1330392
Турција продолжува да испраќа помош на настраданите во земјотресот во Албанија на 26 ноември

Турција продолжува да им доставува помош на настраданите во земјотресот со јачина од 6,3 степени што го погоди подрачјето на градот Драч и околината во Албанија, на 26 ноември, а во кој животот го загубија 51 лице, а повеќе од 900 лица беа повредени.

Од страна на Одделот за Консултантски услуги за верски прашања при Амбасадата на Република Турција во Тирана, им беше раздадена помош на семејствата кои беа погодени и оштетени од земјотресот.

Со поддршка на Фондацијата за верски прашања „Дијанет“ на Турција (ТДВ или TDV), во населеното место Пеза во близина на главниот град Тирана им е раздадена помош во легла и пакети со храна особено на настраданите семејства чии куќи се оштетени во земјотресот и кои продолжуваат да живеат во шатори.

Турција, веднаш по земјотресот уште од првиот ден со посредство на свои различни институции и организации продолжува да им доставува помош и различна други видови услуга на настраданите во оваа елементарна непогода.

Инаку, во земјотресот што го погоди подрачјето на градот Драч и околината во Албанија, на 26 ноември со јачина од 6,3 степени, животот го загубија 51 лице, а повеќе од 900 лица беа повредени.

 



Слични вести