Поддршка од Унгарија на гасоводниот проект Турски тек

Почнувајќи од 2021 година, низ гасоводниот проект низ Унгарија годишно ќе можат да се пренесуваат 9,8 милијарди метри кубни гас

1329751
Поддршка од Унгарија на гасоводниот проект Турски тек

Унгарскиот министер за надворешни работи и надворешна трговија Петер Сијарто рече дека остварувањето на гасоводниот проект Турски тек ќе ја зајакне енергетската безбедност на неговата земја.

Сијарто во интервјуто за Унгарската новинска агенција (МТИ) изрази задоволство од завршувањето на кракот долг 403 км на гасоводниот проект што ќе поминува низ Србија.

Потенцирајќи дека проектот ќе ја зајакне енергетската безбедност на земјата унгарскиот министер рече дека изградбата на кракот во неговата земја продолжува според планот.

Почнувајќи од 2021 година, низ гасоводниот проект низ Унгарија годишно ќе можат да се пренесуваат 9,8 милијарди метри кубни гас.

Неосновани се критиките на Запад во врска со проектот, бидејќи 3 од 4 европски земји кои се наоѓаат на трасата на гасоводниот проект се земји членки на НАТО.

Со гасоводниот проект Турски тек, рускиот гас преку Црното море и Турција ќе се пренесува во европските земји.



Слични вести