Зоран Милановиќ и Колинда Грабар-Китаровиќ, во вториот круг во трката за нов претседател на Хрватска

Во вториот круг од претседателските избори на 5 јануари 2020 година, останаа во трка кандидатот на Социјалдемократската партија (SDP) Зоран Милановиќ и актуелната претседателка и кандидатка на Хрватската демократска заедница (HDZ) Колинда Грабар-Китаровиќ

1327843
Зоран Милановиќ и Колинда Грабар-Китаровиќ, во вториот круг во трката за нов претседател на Хрватска

На вчерашните одржани претседателски избори во Хрватска, во првиот круг, најголем број гласови освоија поранешниот премиер и поранешен претседател и кандидат на Социјалдемократската партија (SDP) Зоран Милановиќ и актуелната претседателка Колинда Грабар-Китаровиќ, како кандидатка на Хрватската демократска заедница (HDZ).

Според објавените неофицијални резултати од Државната изборна комисија (DIP), се изброени речиси сите гласови од вчерашните претседателски избори на кои се натпреваруваа 11 кандидати.

Согласно тоа, поради тоа што ниту еден од кандидатите не успеа да освои 50 отсто плус од гласовите новиот претседател на државата ќе биде избран по одржувањето на вториот круг на 5 јануари 2020 година.

Во вториот круг ќе се натпреваруваат двајцата кандидати со најмногу освоени гласови во првиот круг, а тоа се поранешниот премиер и поранешен претседател и кандидат на Социјалдемократската партија (SDP) Зоран Милановиќ кој освои 29,54 отсто гласови и актуелната претседателка и кандидатка на владејачката Хрватска демократска заедница (HDZ) Колинда Грабар-Китаровиќ со освоени 26,67 отсто од гласовите на хрватските гласачи.

Процентот на освоени гласови на другите кандидати кои учествуваа во првиот круг од претседателските избори се вака: 

Мирослав Шкоро освои 24,44 отсто, Мислав Колакушиќ 5,87, Дарио Јуричан 4,60 отсто, Дарија Орешковиќ 2,89, Иван Пернар 2,31, Катарина Пеовиќ 1,12, Дејан Ковач 0,95, Недјељко Бабиќ 0,21 отсто и Анто Ѓапиќ со освоени 0,15 отсто гласови.

Во меѓувреме, според податоците на Државната изборна комисија (DIP) на Хрватска во првиот круг од претседателските избори вчера за кои имаа право на глас 3 милиони 854 илјади 747 гласачи процентот на учество изнесуваше 51,01 отсто.



Слични вести