Запален автомобил на турски дипломат во Генералниот конзулат на Турција во Солун

Во гаснењето на пожарот интервенирале екипите на противпожарната служба, но била причинета материјална штета во задниот дел на автомобилот, додека Полициската управа во Солун започнала истрага во врска со случајот

1328188
Запален автомобил на турски дипломат во Генералниот конзулат на Турција во Солун

Во градот Солун во Грција е запален автомобил на турски дипломат, вработен во Генералниот конзулат на Република Турција во Солун.

Во гаснењето на пожарот интервенирале екипите на противпожарната служба, но била причинета материјална штета во задниот дел на автомобилот.

Полициската управа во Солун започнала истрага во врска со случајот.



Слични вести