Претседателот на Собранието на Турција Мустафа Шентоп донираше возило за отпад на Општина Гевгелија

„Турција преку различни организации ќе продожи да ја обезбедува потребната поддршка за општините во Северна Македонија или на Балканот за благосостојбата на народите што живеат на овие простори“, истакна претседателот на Собранието на Турција Шентоп

1327416
Претседателот на Собранието на Турција Мустафа Шентоп донираше возило за отпад на Општина Гевгелија

Претседателот на Големото Народно Собрание на Турција (ТБММ) Мустафа Шентоп, на градоначалникот на општина Гевгелија Сашо Поцков, му ги предаде клучевите од возило за отпад кое е грант дониран од Унијата на турските општини.

Церемонијата на примопредавањето се одржа во кампусот на Меѓународниот балкански универзитет (ИБУ) во Скопје, а на неа учествуваа претседателот на турскиот Парламент Мустафа Шентоп, градоначалникот на општина Гевегелија Сашо Поцков, амбасадорот на Република Турција во Северна Македонија Хасан Мехмет Секизќок, претседателот на Управниот одбор на ИБУ Ајдован Адемоски, ректорот на ИБУ проф. д-р Мехмет Дурсун Ердем, пратеници, претставници на турски институции и организации во земјата, професори и други гости. 

Шентоп потсети дека возилото за отпад кое е грант за општина Гевгелија е поставено на дневен ред во јуни во рамките на програмата организирана во Северна Македонија, додавајќи дека возилото е испратено благодарение на придонесот на Фатма Шахин, претседателка на Унијата на турските општини и градоначалничка на турската општина Газиантеп и Зејнел Абидин, заменик-претседател на Унијата на турските општини и градоначалник на Шанлиурфа.

Во оваа пригода, Шентоп се осврна на односите меѓу Турција и Северна Македонија.

„Турција е стар пријател на Северна Македонија. Тоа Турција го покажува и од аспект на билатералните односи, и од аспект на поддршката што ја дава за членството на Северна Македонија во повеќе платформи, институции и организации во Европа и во Северноатлантската алијанса. Очигледно дека односите меѓу Турција и Северна Македонија можат да се опишат и само со еден настан. Турција беше првата држава која по прогласувањето на независноста, Северна Македонија ја призна под уставното име. Затоа постои толку блиска, пријателска, искрена врска меѓу двете земји", истакна Шентоп и додаде: 

„Овие односи имаат повеќе димензии, но причина поради која уште повеќе се продлабочија односите е таа што денес во Турција постојат луѓе кои се родени на просторите на Северна Македонија, тука пораснале, или во најмала рака нивните татковци, дедовци и татковците на нивните дедовци се родиле, пораснале и живееле на овие простори.“

Шентоп рече дека при претходниот престој во Северна Македонија на општините Врапчиште и Маврово-Ростуше им предал возило за отпад и градежна машина, кои се грант на Унијата на турските општини, кои заедно со други турски институции се солидаризираат и им помагаат на голем број општини од Балканот.

Истакнувајќи дека кампусот на ИБУ не е само најдобриот на Балканот, туку е еден од најдобрите, најновите и најразвиените во Источна Европа, Шентоп изјави дека овој универзитет претставува многу голема вредност за Северна Македонија, особено поради образованието и понудените можности.

Соопштувајќи дека Турција ги обезбедува сите можности и поддршка за развојот на активностите на Универзитетот, Шентоп информираше дека меѓу Универзитетот за здравствени науки и ИБУ е потпишан протокол за заедничка работа и настава во областа на здравствените науки, вклучувајќи ја и медицината.

Градоначалникот на Гевгелија Сашо Поцков, во свое име и во име на жителите на општината се заблагодари за добиениот грант, истакнувајќи дека грантот е добиен во вистинско време.

По обраќањата, Шентоп му ги предаде клучевите на возилото на градоначалникот Поцков.

По оваа церемонија ИБУ и Универзитетот за здравствени науки потпишаа протокол за соработка.

- Средба на Шентоп со претседателот на Уставниот суд на Северна Македонија, Салих Мурат

Во рамките на посетата на Северна Македонија, претседателот на турскиот Парламент и делегацијата што го придружува го посетија претседателот на Уставниот суд на Северна Македонија Салих Мурат.

Шентоп му го честиташе изборот на Мурат за претседател на Уставниот суд на Северна Македонија, додавајќи дека неговиот избор за претседател на Уставниот суд претставува извор на гордост за турската заедница во Северна Македонија, што во исто време е манифестација на мултикултурните и демократските принципи на Северна Македонија. (Агенција Анадолија-АА)



Слични вести