Претседателот на Собранието на Турција Мустафа Шентоп на симпозиум по повод Денот на нставата на турски јазик во Северна Македонија

„Ве поздравувам по повод 21 Декември - Денот на турското образование и се надевам дека овие активности и ентузијазмот кој го носат во иднина ќе донесат поубави денови. Нека е честит 21 Декември - Денот на турското образование.“ - рече Шентоп

1327402
Претседателот на Собранието на Турција Мустафа Шентоп на симпозиум по повод Денот на нставата на турски јазик во Северна Македонија

По повод 21 декември, Ден на турското образование во Република Северна Македонија, во Скопје се одржа симпозиум „Изгубените вредности на турската култура на Балканот и во Источна Европа“.

На отворањето на симпозиумот организиран од страна на Сојузот на турските невладини организации во земјата (МАТУСИТЕБ), со поддршка на Турската агенција за соработка и координација (ТИКА) и Институтот „Јунус Емре", учество земаа Мустафа Шентоп претседателот на Големото Народно Собрание на Турција (ТБММ), Талат Џафери претседателот на Собранието на Република Северна Македонија, министерот за култура на Северна Македонија Хусни Исмаили, Салих Мурат претседател на Уставниот суд на Република Северна Македонија, амбасадорот на Република Турција во Северна Македонија Хасан Мехмет Секизќок, претседателот на МАТУСИТЕБ Хусрев Емин, претставници на турски институции и организации, пратеници, бизнисмени и голем број гости.

Претседателот на Големото Народно Собрание на Турција (ТБММ) Мустафа Шентоп во своето обраќање го изрази своето задоволство што учествува на еден ваков значаен состанок и упати поздрави од претседателот на Република Турција Реџеп Тајјип Ердоган.

Шентоп ја изрази својата восхитеност и задовоство што како член на иселеничко семејство кое во 1926 година од Гевгелија мигрирало во Турција, има можност на земјата на своите претци да и се обрати на една пристојна задница.

„Овој симпозиум се спроведува со дискусија на една многу важна тема. Верувам дека ќе се одвиваат ефикасни преговори и ќе се постигнат важни резултати. На сите учесници и слушатели им посакувам успешен состанок“, рече Шентоп.

Шентоп истакна дека една од најосновните дилеми во оваа ера е неможноста на проблемите да се вклопат во концептите.

„Всушност, културата е и фиксна и променлива, има способност да го обликува општеството, а во исто време и да биде обликувана од страна на општеството“, рече Шентоп.

Шентоп рече дека јазикот се наоѓа меѓу институциите кои ја градат културата, додавајќи дека една од особините на јазикот е што тој и ја гради културата и ја има функцијата да ја пренесе на следните генерации.

Потсетувајќи дека станува збор за потомци на мислители и од еден географски простор, и на една ера, Шентоп изјави „Ние сме припадници на Турција, Северна Македонија, Албанија, Бугарија, а во исто време и членови на модерната ера, на едно глобално време. На културата, на принципите и вредностите што им ги придаваме на културните вредности, треба да гледаме од овие две гледишта.“

Претседателот на Големото Народно Собрание на Турција (ТБММ) Мустафа Шентоп рече дека повеќе или помалку постои договор по прашањето по загубените вредности на турската култура, што е и тема на симпозиумот, додавајќи дека е потребно да се размисли што ги предизвикало тие загуби.

Посочувајќи на важноста на турската кујна, Шентоп истакна дека богатството на турската кујна не се должи на задоволството и зависноста од храна.

„Според мое мислење, објаснувањето треба да се побара на друго место. Турците, најубавите јадења не ги подготвуваат за себе, туку за гостите. Сосема е природно што Турците имаат многу богата кујна, бидејќи тие многу сакаат да пречекуваат гости и за нив гостите преставуваат извор на божји благодет и благослов. Но и ова не е единствена причина. Една друга причина поради која нашата кујна е многу богата е што сме подготвени и имаме добра волја да контактираме со различни култури“, истакна Шентоп.

Посочувајќи дека модерното разбирање го разединува општество, го дели семејството и предизвикува безмилосен натпревар за користа на поединецот, Шентоп рече дека оваа егоцентричност, со морал на „јас-во центарот" ги влече луѓето во длабока и трагична осаменост.

Како што рече Шентоп, еден од најважните проблеми не само на турското општество туку и на сите други општества е вандаизмот кон другиот, рамнодушноста, дури и непријателството.

„Ваквата состојба, на која со загриженост гледаме последните години се главна причина за ксенофобијата, исламофобијата и во некои ситуации анти-турскиот став“, истакна Шентоп.

Изјавувајќи дека е можно и потребно овие простори кои во последните 150 години преживеале многу болка, длабоки и крвави трагедии повторно да се донесат на островот на мирот и спасот, Шентоп рече: „Во тој поглед, најголеми напори паѓаат врз народите на Северна Македонија, во која луѓе од различни националности живеат во мир. Турската заедница треба да биде водечка и конструктивна во тој поглед.“

Во своето обраќање пред присутните, претседателот на Собранието на Северна Македонија Талат Џафери, го честита 21 Декември - Денот на наставата на турски јазик во Република Северна Македонија.

„Би сакал да ја искористам оваа прилика и вам драг колега, меѓутоа и на сите присутни и на нашите сограѓани припадници на турската заедница, да ви по честитам 21 Декември - Денот на наставата на турски јазик во Република Северна Македонија, кој што е дел од празниците утврдени со Законот за празници во Република Северна Македонија, со кој се укажува почит на сите заедници кои се неделлив дел од општеството ткиво на земјата“, рече Џафери.

Тој потсети дека Турција даде поддршка за членството на Северна Македонија во НАТО, заблагодарувајќи му се на Шентоп за ратификувањето на Протоколот за членство во Парламентот на Турција.

Џафери исто така рече дека пријателските и семејните врски меѓу граѓаните на двете држави претставуваат пример за сите земји во регионот.

Претседателот на МАТУСИТЕБ Хусрев Емин, во своето обраќање на симпозиумот рече дека ќе бидат презентирани 20 труда на турколози од 13 земји од Европа.

„Ве поздравувам по повод 21 Декември - Денот на турското образование и се надевам дека овие активности и ентузијазмот кој го носат во иднина ќе донесат поубави денови. Нека е честит 21 Декември - Денот на турското образование.“

Заблагодарувајќи му се на претседателот на Големото Народно Собрание на Турција (ТБММ) Мустафа Шентоп за учеството, Емин изјави:

„Ви се заблагодарувам што и денес не нѐ оставивте сами. Им се заблагодарувам на нашите сонародници од Република Турција, особено сакам да му се заблагодарам на претседателот на турското Собрание.“ (Агенција Анадолија-АА)



Слични вести