Честитка од премиерот на Северна Македонија Зоран Заев по повод 21 Декември - Денот на наставата на турски јазик

„Денес, кога Северна Македонија гради едно општество за сите свои граѓани, припадниците на турската заедница се значаен и конструктивен дел од тоа наше заедничко општество“ - истакнува премиерот на Северна Македонија Зоран Заев во честитката

1327401
Честитка од премиерот на Северна Македонија Зоран Заев по повод 21 Декември - Денот на наставата на турски јазик

Премиерот на Република Северна Македонија Зоран Заев, упати честитка до сите граѓани од турската етничка заедница во земјата по повод 21 Декември - Денот на наставата на турски јазик.

„Денес, кога Северна Македонија гради едно општество за сите свои граѓани, припадниците на турската заедница се значаен и конструктивен дел од тоа наше заедничко општество. Наши истакнати сограѓани од турската заедница го даваат личниот, значаен придонес во развојот на нашиот мултикултурен и мултиетнички мозаик“, се вели во честитката на премиерот Заев објавена на неговиот официјален профил на социјалната мрежа Фејсбук.

„Почитта кон другиот и поддршката за секоја заедница да го негува и чува мајчиниот јазик е од огромно значење зашто ги обединува луѓето. Тоа е голема вредност, тоа е европска вредност“, истакнува премиерот Заев во честитката.

По повод Денот на наставата на турски јазик, честитка до граѓаните на турската заедница во Северна Македонија денеска упатија и претседателот на Северна Македонија Стево Пендаровски, како и претседателот на Собранието на Северна Македонија Талат Џафери. (Агенција Анадолија-АА)



Слични вести