За прв пат доделени наградите „Јуџел“ на Турците во Северна Македонија

Од страна на МАТУСИТЕБ за прв пат беа доделени наградите „Јуџел“ на Турците од Северна Македонија во 10 одделни категории на лица кои постигнале успех во Северна Македонија, Турција и на меѓународен план

1323955
За прв пат доделени наградите „Јуџел“ на Турците во Северна Македонија

Во организација на Сојузот на турските невладини организации во Македонија (МАТУСИТЕБ), за првпат беа доделени наградите „Јуџел“ на Турците од Северна Македонија.

На церемонијата организирана со поддршка на Министерството за култура на Северна Македонија, им се доделени награди „Јуџел“ на Турците од Северна Македонија во 10 одделни категории на лица кои постигнале успех во Северна Македонија, Турција и на меѓународен план.

На церемонијата на доделување на наградите учествуваа претседателот на Уставниот суд на Северна Македонија Салих Мурат, заменик шефот на мисијата на Амбасадата на Турција во Северна Македонија Умут Лутфи Озтурк, портпаролката на Министерството за култура на Северна Македонија Нурџан Асановска, претседателот на Македонско-турската стопанска комора (МАТТО) Ајдоган Адемоски, потоа претседателот на Сојузот на турските невладини организации во Македонија (МАТУСИТЕБ) Хусрев Емин, претставници на турски институции и организации, претседатели на политички партии, академици, професори, членови на жири-комисијата и голем број други поканети еминентни гости.

На церемонијата на доделување на наградите „Јуџел“ на Турците од Северна Македонија, добитничка на наградата „Наставник на годината“ беше наставничката по турски јазик во Радовиш Семра Нанушева Салиова, наградата „Академик професор/научник на годината“ му е доделена на проф. д-р Јусуф Хамзаоглу, наградата „Светла ѕвезда на годината“ ја доби фудбалерот на Наполи во италијанската Серија А Елиф Елмас, а наградата за „Доживотен успех“ му е доделена на Илхами Емин, еден од најзначајните личности на турската книжевност во Северна Македонија.

Наградата „Глумец на годината“ ја доби актерката Филиз Ахмет која настапи во голем број телевизиски серии во Турција, наградата за „Спортист на годината“ му е доделена на Азиз Ислами кој е деветкратен шампион на Северна Македонија, наградата „Книжевник на годината“ му е доделена на поетот и писател Мехмед Ариф, наградата „Музички уметник на годината“ ја доби познатиот пејач од Скопје Месут Куртиш, наградата за „Новинар на годината“ му е доделена на Бунјамин Лиман дописникот на весникот „Јени Балкан“, а добитници на „Специјалната награда на жири-комисијата“ беа радио-телевизиските програми на турски јазик при МРТ.



Слични вести