Негирачот на геноцидот, австрискиот писател Хандке прогласен за непожелна личност во Сараево

Собранието на кантонот Сараево го изгласа предлогот на бошњачката Партија за демократска акција (СДА) и го прогласи австрискиот писател Петер Хандке за непожелна личност во границите на кантонот

1321758
Негирачот на геноцидот, австрискиот писател Хандке прогласен за непожелна личност во Сараево

Австрискиот писател Петер Хандке добитникот на Нобеловата награда за литература, кој е познат по тоа што го негира геноцидот во Босна, е прогласен за непожелна личност во главниот град на Босна и Херцеговина, Сараево.

Не престануваат реакциите против Хандке кој го негира извршениот геноцид во Сребреница кадешто беа измасакрирани повеќе од 8 илјади Бошњачки цивили и кој е познат по неговата поддршка и симпатија кон поранешниот српски лидер, воениот злосторник Слободан Милошевиќ.

Собранието на кантонот Сараево го изгласа предлогот на бошњачката Партија за демократска акција (СДА) и го прогласи австрискиот писател Петер Хандке за непожелна личност во границите на кантонот.

Во објавеното писмено соопштение од Собранието на кантонот Сараево се истакнува дека тоа што Хандке кој е добитник на Нобелова награда, го негира геноцидот во Босна претставува „крајна точка“, а воедно се вели и следното: „Најлошото пак е тоа што Хандке денеска не ги променил своите негирачки размислувања од минатото.“

Инаку, австрискиот писател Петер Хандке го негираше извршениот геноцид во Сребреница и велеше дека Бошњачките муслимани се убивале меѓусебно.

Хандке кој зазеде место покрај поранешниот српски лидер Слободан Милошевиќ и за време на војната во Косово, во тој период со своите написи беше едниот од најголемите поддржувачи на режимот на Милошевиќ.



Слични вести