Европската унија (ЕУ) отвори ново поглавје во преговорите за членство на Србија

Во објавеното писмено соопштение од Комисијата на Европската унија (ЕУ) се истакнува дека е одлучено да биде отворено за преговори со Србија четвртото поглавје под наслов „Слободно движење на капиталот“

1321518
Европската унија (ЕУ) отвори ново поглавје во преговорите за членство на Србија

Европската унија (ЕУ) отвори ново поглавје во преговорите за зачленување на Србија.

Во објавеното писмено соопштение од Комисијата на Европската унија (ЕУ) се истакнува дека во главниот град на Белгија, Брисел, е одржан состанок меѓу функционерите на Србија и Европската унија (ЕУ) посветен на пристапните преговори на оваа земја во Унија.

Во соопштението се вели дека е одлучено да биде отворено за преговори со Србија четвртото поглавје под наслов „Слободно движење на капиталот“.

Се наведува дека се следат одблизу активностите на Србија во врска со усогласувањето со легислативата на Европската унија (ЕУ), а воедно се напоменува дека за да може да се заокружи за привремено поглавјето властите во Белград треба да ги фрлат потребните чекори во врска со перењето на пари, финансирањето на тероризмот и системите на плаќање.

Србија, која пристапните преговори со Европската унија (ЕУ) ги започна во 2014 година, заедно и со Црна Гора се прикажуваат како две Балкански земји кои се најблиску за членство во Унијата.

Моментално меѓу Србија и Европската унија (ЕУ) од вкупно 35 поглавја се отворени за преговори 18 поглавја.



Слични вести