Ерсин Татар: Договорот со Либија ја поремети меморијата на кипарските Грци

Ерсин Татар истакна дека тоа што Турција по Турската Република Северен Кипар (ТРСК) вториот договор по прашањето на разграничување на сферите на надлежност во морето во Источниот Медитеран го потпиша со Либија, ја поремети меморијата на кипарските Грци

1321670
Ерсин Татар: Договорот со Либија ја поремети меморијата на кипарските Грци

Премиерот на Турската Република Северен Кипар (ТРСК) Ерсин Татар за новинската Агенција Анадолија (АА) направи проценка на договорот за разграничување на поморската граница помеѓу Турција и Либија.

Татар истакна дека тоа што Турција по Турската Република Северен Кипар (ТРСК) вториот договор по прашањето на разграничување на сферите на надлежност во морето во Источниот Медитеран го потпиша со Либија, му придаде мошне значајна димензија на прашањето.

Ерсин Татар напомена дека долго време се поставува на дневен ред тоа што кипарските Грци со еднострано делување во Источниот Медитеран преземаат одредени активности со меѓународни компании и со некои земји, исклучувајќи ги притоа кипарските Турци.

Тој потсети дека безброј пати досега им се предлага на кипарските Грци за заедничко истражување на богатствата во регионот, за формирање на заеднички комитет за тоа и донесување на одлуки од страна на овој комитет, меѓутоа рече дека секогаш е добиен негативен одговор.

„По склучените договори (на Турција) со Турската Република Северен Кипар (ТРСК) и активностите за издавање лиценци, е постигнат договор со Либија којшто беше ратификуван од страна на парламентите и со тоа му е придадена една мошне значајна димензија на прашањето (во Источниот Медитеран). Вистините коишто ги изнесе Турција на основа на поморското право и согласно меѓународните вообичаени применувања, изнесоа една нова карта и ја пореметија нивната меморија.“ - рече Премиерот на Турската Република Северен Кипар (ТРСК) Ерсин Татар.



Слични вести