Мигрантите од кампот „Вучјак“ кај Бихаќ се носат со автобуси во кампот „Ушивак“ недалеку од Сараево

Кампот „Вучјак“ којшто се состои само од шатори и со доаѓањето на зимата постојат крајно тешки услови за живот, во текот на денешниот ден ќе биде целосно преместен од страна на надлежните органи на Босна и Херцеговина

1321196
Мигрантите од кампот „Вучјак“ кај Бихаќ се носат со автобуси во кампот „Ушивак“ недалеку од Сараево

Започна преместувањето со автобуси на стотици мигранти од кампот „Вучјак“ кој се наоѓа во шумското подрачје во близина на градот Бихаќ во Босна и Херцеговина и според изјавите на надлежни, работите се одвиваат според планираното.

Мигрантите од кампот „Вучјак“ ќе бидат пренесени во кампот „Ушивак“ недалеку од главниот град Сараево.

Кампот „Вучјак“ којшто се состои само од шатори и со доаѓањето на зимата постојат крајно тешки услови за живот, во текот на денешниот ден ќе биде целосно преместен од страна на надлежните органи на Босна и Херцеговина.

Министерката за здравство на Унско-санскиот кантон( УСК) Нермина Чемаловиќ во дадената изјава истакна дека во текот на денот близу 500 мигранти од кампот со помош на автобуси ќе бидат однесени во кампот „Ушивак“ недалеку од Сараево.

Таа рече: „Извршена е здравствена контрола и сите се прегледани. Забележани се случаи на шуга и настинки поради долгиот престој во кампот.“

Велејќи дека кампот „Вучјак“ утре ќе биде целосно затворен, Чемаловиќ рече дека мигрантите потоа ќе бидат сместени во една касарна во Блажуј којашто исто така се наоѓа во близина на Сараево, но се уште не е целосно подготвена.

Инаку, стотици мигранти кои престојуваа во кампот „Вучјак“ особено со падот на првиот снег и почетокот на студеното време овде престојуваа под многу тешки услови за живот.

Во Босна и Херцеговина која од почетокот на минатата година е подложена на интензивен бран од мигранти, се претпоставува дека се наоѓаат над 7 илјади мигранти.



Слични вести