Зоран Тегелтија, нов претседател на Советот на министри на Босна и Херцеговина

На гласањето што се одржа на вонредната седница во Претставничкиот дом на Парламентарното собрание на Босна и Херцеговина, 28 од членовите на собранието гласаа „за“, 8 „против“, а двајца членови беа воздржани

1318496
Зоран Тегелтија, нов претседател на Советот на министри на Босна и Херцеговина

Нов претседател на Советот на министри на Босна и Херцеговина стана Зоран Тегелтија од Сојузот на независните социјалдемократи (СНСД) од српскиот ентитет.

На гласањето што се одржа на вонредната седница во Претставничкиот дом на Парламентарното собрание на Босна и Херцеговина, 28 од членовите на собранието гласаа „за“, 8 „против“, а двајца членови беа воздржани.

Зоран Тегелтија, во говорот што го доржа на седницата на Претставничкиот дом на Парламентарното собрание на Босна и Херцеговина истакна дека за време на неговото претседателствување ќе се обиде да придонесе за социо-економскиот развој на земјата.

Велејќи дека односите со НАТО треба да се обликуваат во усогласеност со интересите на земјата,Тегелтија рече: „Ги почитувам владеењето на правото, Дејтонскиот мировен договор, Уставот на Босна и Херцеговина и надлежностите на државните институции на секое ниво.“

По одржаните парламентарни избори во Босна и Херцеговина во октомври минаттаа година најголемите Бошњачки, Српски и Хрватски политички партии во ноември постигнаа консензус за формирање на новата влада, по што Претседателството на Босна и Херцеговина за мандатор за формирање на новата влада го назначи Зоран Тегелтија, од Сојузот на независните социјалдемократи (СНСД) од српскиот ентитет.

 

 



Слични вести