Помош во храна од турски АФАД за 1.000 настрадани семејства во земјотресот во Албанија

Надлежни на Управата за елементарни непогоди и итни состојби (АФАД) на Турција заедно со локални надлежни им доставија на настраданите во земјотресот во Албанија кои имаат потреба од хуманитарна помош, 1.000 пакети помош во храна

1316866
Помош во храна од турски АФАД за 1.000 настрадани семејства во земјотресот во Албанија
afad arnavutluk yardim1.jpg
afad arnavutluk yardim2.jpg

Управата за елементарни непогоди и итни состојби (АФАД) на Турција испрати помош во храна за 1.000 семејства во Албанија кои поминуваат низ тешки денови поради земјотресот што ја погоди оваа земја на 26 ноември, минатата недела во вторникот рано наутро.

Надлежни на АФАД заедно со локални надлежни им доставија на настраданите во земјотресот за кои беше утврдено дека имаат потреба од хуманитарна помош, 1.000 пакети помош во храна во селата Фуш Мамурас, Дроје, Шпердхет, Ладја Демокрација, Зхеје и Гјорм, како и во градот Лач.

Во раздавањето на материјалите со помош помогнаа и членовите на Националната екипа за  медицинско спасување (УМКЕ) кои се наоѓаат во пофиденото подрачје.

Хмит Дава, еден од настраданите во земјотресот, истакна дека поради земјотресот се чувствуваат многу лошо и им се заблагодари на Турција која испрати помош и на претседателот Реџеп Тајјип Ердоган кој изјави дека ќе бидат изградени 500 станбени објекти во Албанија.

Една друга настрадана жена во земјотресот Алесиа Бамџи исто така и се заблагодари на Турција за помошта.

Од друга страна, командантот на поморските сили на Албанија полковник Артур Мечолари им се заблагодари на персоналот  на Управата за елементарни непогоди и итни состојби (АФАД) и на Националната екипа за  медицинско спасување (УМКЕ) поради придонесите и заслугите во работите за пребарување и спасување во погоденото подрачје од земјотресот и им додели благодарници потпишани од страна на началникот на Генералштабот на Албанија бригаден генерал Бардил Колчаку.



Слични вести