Заев: Тоа што не можевме да започнеме со преговори за членство во ЕУ предизвика разочарување кај нас

Премиерот на Северна Македонија Зоран Заев истакна дека не е праведно тоа што неговата земја не можеше да започне со пристапните преговори со Европската унија (ЕУ) и рече дека тоа предизвика разочарување кај нив

1317012
Заев: Тоа што не можевме да започнеме со преговори за членство во ЕУ предизвика разочарување кај нас

Премиерот на Северна Македонија Зоран Заев во главниот град на Велика Британија, Лондон, учествуваше на панел-дискусијата „Одбрана и превенција во новата ера“ како дел од конференцијата „НАТО се ангажира: Обновување на алијансата“ по повод 70-годишнината на НАТО.

Заев истакна дека не е праведно тоа што неговата земја не можеше да започне со пристапните преговори со Европската унија (ЕУ) и рече дека тоа предизвика разочарување кај нив. 

Тој напомена дека Балканот во минатото беше место на конфликти и војни и дека тоа им наштети многу на регионот и на Европа, а воедно додаде дека тоа што неговата земја по Црна Гора ќе стане членка на НАТО значи стабилност и безбедност.

„Нашите граѓани од регионот, граѓаните на Северна Македонија, веруваат многу во НАТО, во единството, во стабилноста, што ние дури го сменивме и нашето уставно име, станавме Република Северна Македонија, секако и поради градење добри односи со нашите соседи, ние сме земја без отворени билатерални прашања со ниту една земја во соседството. Тоа ја отвори вратата на нашата стратешка цел." - рече Заев.

На потсетување на модераторот дека Северна Македонија минатиот месец доби многу лоша вест од Франција, дека францускиот претседател Емануел Макрон ги попречи пристапните преговори на Северна Македонија и Албанија со Европската унија (ЕУ), премиерот на Северна Македонија Зоран Заев рече: „Навистина не беше праведно за нас, ние сме земја кандидат веќе 15 години, имаме 10 позитивнни препораки, сите 28 земји членки во Советот на ЕУ ги потврдија да ги реализираме 100 отсто од реформите, договорот со Бугарија, договорот со Грција, со кој го сменивме и уставното име, сега тој (Макрон) вели дека на Европа и треба повеќе време поради идните реформи. Секако тоа беше многу вознемирувачко за нас, повеќе разочарувачко, но ние продолжуваме со реформите и се надеваме дека оваа грешка, не само за нас туку и за Европа, ќе биде поправена.“



Слични вести