Настраданите Албанци во земјотресот во Албанија префрлени во Косово
Градоначалникот на Призрен Мутахер Хаскука рече дека општината прави се што е во нивна можност потенцирајќи дека владата на Косово и другите земји треба да пружат поддршка



Стотици Албанци од Албанија кои ги загубија блиските во земјотресот со јачина од 6,3 степени што ја погоди земјата и во кој им беа срушени куќите, беа префрлени во Косово.
Околу 600 настрадани од земјотресот, од кои повеќето од Драч беа префрлени во паркот за иновации и обука во Призрен каде што пред 18 години во рамките на операцијата на НАТО по Војната во Косово беа стационирани германските војници на Мировните сили на КФОР.
По полнењето на капацитетот на кампот, општината Призрен обезбеди привремено сместување на настраданите ви хотелите и куќите во градот. 120 настрадани привремено беа сместени во гимназијата Гјон Бузуку.
Артан Хоџај, еден од доброволците на Призрен кој им помага на настраданите во земјотресот рече дека месата каде што привремено се сместени настраданите не се поволни.
Градоначалникот на Призрен Мутахер Хаскука рече дека општината прави се што е во нивна можност потенцирајќи дека владата на Косово и другите земји треба да пружат поддршка.