Турската Црвена полумесечина „Кизилај“ поставува шатори во подрачјата погодени од земјотресот во Албанија

Турската Црвена полумесечина „Кизилај“ која веднаш по информациите за земојтресот стапи во акција, во погоденото подрачје испрати 120 шатори, 2.750 ќебиња и 100 хигиенски прибори

Турската Црвена полумесечина „Кизилај“ поставува шатори во подрачјата погодени од земјотресот во Албанија

По завршувањето на активностите за пребарување и спасување во подрачјата погодени од земјотресот со јачина од 6,3 степени според Рихтер, кој се случи на 26 ноември во Албанија, според надлежните институции на оваа земја, бројот на жртвите во земјотресот се искачи на 51 лице, додека стотици лица се повредени.

Во земјотресот освен големиот број загинати и повредени лица, се срушени или тешко оштетени и голем број куќи и згради.

Турската Црвена полумесечина „Кизилај“ која веднаш по информациите за земојтресот стапи во акција, во погоденото подрачје испрати 120 шатори, 2.750 ќебиња и 100 хигиенски прибори.

Помошта којашто пристигна во подрачјето им беше раздадена на загрозените во оваа елементарна непогода кои имаат потреба од помош.

Вработените на турската Црвена полумесечина „Кизилај“ и војниците на албанската армија на задача во погоденото подрачје поставија шатори на утврдените места во селото Бубг кај градот Драч и во населеното место Вора кај главниот град Тирана.

Водачот на екипата на турската Црвена полумесечина „Кизилај“ во Албанија Анил Коџабал соопшти дека по земјотресот заминаа за Албанија со материјали за помош натоварени на 2 шлепери и рече: „Стоиме покрај албанскиот народ. Понатаму ќе ги продолжиме нашите активности за доставување помош.“



Слични вести