Бројот на загинатите во земјотресот во Албанија се зголеми на 50 лица

Бројот на загинатите во земјотресот што го погоди подрачјето на градот Драч во Албанија се зголеми на 50 лица, а 913 лица се повредени

Бројот на загинатите во земјотресот во Албанија се зголеми на 50 лица

Расте бројот на загинатите во земјотресот со јачина од 6,3 степени и со епицентар на 15 километри од градот Драч во Албанија кој се случи на 26 ноември во вторникот, рано наутро.

Според последните добиени информации, бројот на настраданите во оваа природна катастрофа се искачи на 50.

Албанскиот премиер Еди Рама во говорот што го одржа на вонредната седница на Владата истакна дека бројот на загинатите во земјотресот се зголеми на 50 лица и дека се завршени и работите за пребарување и спасување во погоденото подрачје. 

Албанското министерство за здравство и социјална заштита исто така соопшти дека бројот на загинатите во земјотресот изнесува 50 лица, а 913 мина се повредени.

Во активностите за пребарување и спасување во погоденото подрачје освен екипи од Албанија, учествуваа екипи и од Турција, Северна Македонија, Косово, Грција и други земји.

Турција, беше првата земја која по земјотресот ја подаде својата рака за помош на Албанија и тоа со своите институции како Амбасадата, Управата за елементарни непогоди и итни состојби (АФАД), Турската агенција за соработка и координација (ТИКА) и турската Црвена полумесечина „Кизилај“.

По главниот потрес со јачина од 6,3 степени, во погоденото подрачје се случија стотици  последователни потреси меѓу кои и со јачина од 5,6 и 5,1 степен. 



Слични вести