Хасан Мехмет Сеќизќоќ, нов амбасадoр на Турција во Северна Македонија

На местото на досегашната амбасадорка на Турција во Скопје Тулин Еркал Кара, за нов амбасадор е наименуван Хасан Мехмет Сеќизќоќ

Хасан Мехмет Сеќизќоќ, нов амбасадoр на Турција во Северна Македонија

Во денешниот број на Службениот весник на Република Турција е објавена одлука за именувани нови амбасадори во 16 земји, меѓу кои се наоѓа и Северна Македонија.

Според тоа, за нов амбасадор на Турција во Северна Македонија е назначен Хасан Мехмет Сеќизќоќ.

Согласно одлуката потпишана од страна на претседателот Реџеп Тајјип Ердоган, се повлечени во Министерството за надворешни работи амбасадорите во Северна Македонија, Јордан, Гватемала, Туркменистан, Алжир, Шри Ланка, Белорусија, Естонија, Чад, Доминиканска Република, Чиле, Виетнам, Бангладеш, Казахстан и Гамбија, а на нивно место се назначени нови амбасадори.

На тој начин, на местото на досегашната амбасадорка на Турција во Скопје Тулин Еркал Кара, за нов амбасадор е наименуван Хасан Мехмет Сеќизќоќ.



Слични вести