Свечено отворена Алипашината џамија во Охрид: По 107 години се огласи езан од минарето на џамијата

По 107 години повторно се огласи езан од минарето на Алипашината џамија во Охрид кое беше срушено за време на Балканските војни

Свечено отворена Алипашината џамија во Охрид: По 107 години се огласи езан од минарето на џамијата
Kuzey Makedonya Ohri Ali Paşa Camisi Açıldı.jp.jpg

Од минарето на Алипашината џамија во Охрид, реконструирана од страна на Генералната дирекција на вакафи на Турција, по 107 години се слушна езанот.

Алипашината џамија, чие минаре беше срушено во бомбашките напади за време на Балканските војни, по реставраторските работи со пригодна свеченост е отворена за богослужба.

На церемонијата присуствуваа заменик министерот за култура и туризам на Турција Ахмет Мисбах Демирџан, претседателот на Исламската верска заедница на Северна Македонија Сулејман Реџепи, потпретседателот на Управата за верски прашања на Република Турција (Дијанет) Бурхан Ашлиен, амбасадорката на Турција во Скопје Тулин Еркал Кара, генералниот директор на Генералната дирекција на вакафи на Турција Аднан Ертем, заменик претседателот на Собранието на Северна Македонија Зекир Рамчиловиќ, охридскиот муфтија Самет Хајдари заедно со сите муфтии од Северна Македонија, потоа претставници на турските институции во Северна Македонија, претставници на политичките партии во земјата, како и други гости.

Заменик министерот за култура и туризам на Турција Ахмет Мисбах Демирџан го започна својот говор на отворањето пренесувајќи ги честитките на турскиот претседател Реџеп Тајјип Ердоган и на турскиот народ.

Изразувајќи го своето жалење поради земјотресот во Албанија, Демирџан рече дека Турција со Управата за елементарни непогоди и итни состојби (АФАД) и Турската агенција за соработка и координација (ТИКА) е на терен со цел залечување на раните и дека Турција секогаш ќе биде покрај албанскиот народ.

Изјавувајќи дека се заедно за една добра работа, Демирџан нагласи: „Многу сум среќен што сум од оваа добрина отворањето на божјиот дом која не се опишува.“

Демирџан истакна дека сите што работеле на реставрацијата, и физички, и духовно се дел од овој објект.

„Турција и Северна Македонија се различни земји. Но, ниту нашите души, ниту пак нашите месџиди немаат своја земја. Нашите души се единствени, месџидите ни се единствени. Во суштина, кај нас муслиманите, дури и различностите се во единство. Ние така веруваме. Алипашината џамија во Охрид е симбол на клопчето на единство во кое ги топиме различностите. До денеска беше така, и до бесконечност ќе биде така. Ја посакувам истата судбина за сите дела кои ни се доверени од нашето заедничко минато.“

- „Среќни сме што овде ги гледаме сите муслимански заедници“ -

Аднан Ертем, генералниот директор на Генералната дирекција на вакафи, рече дека со директивите на претседателот на Турција Реџеп Тајјип Ердоган работат за реконструкции на објектите останати од предците на подрачјето на Балканот.

Ертем, потсетувајќи дека Генералната дирекција на вакафи во Северна Македонија прво ја реконструирала џамијата „Хајдар Кади“, истакна дека ова е втора завршена реставрација на Алипашината џамија.

Наведувајќи дека продолжуваат работите за реставрација на џамијата „Махмут Хоџа“ во Битола, Ертем рече дека се подготвуваат и реставраторските проекти за Иса-беговата и Јахја-пашината џамија во Скопје.

Тој, нагласувајќи дека во секој процес на реставрација има и тешкотии, им се заблагодари на жителите на Охрид, политичките авторитети, Исламската верска заедница и Амбасадата на Турција во Скопје, кои помогнаа да се надминат тие тешкотии.

„Среќни сме што овде ги гледаме сите муслимански заедници“, рече Ертем.

Отворањето на џамијата, за што муслиманската заедница во Северна Македонија покажа голем интерес, се одржа со учење молитви. По 107 години се проучи езан, а потоа се клањаше попладневната молитва (икиндија).

- Претседателот Ердоган даде особено значење -

Заменик-министерот Демирџан, во изјавата за медиумите пред церемонијата рече дека се сведоци на еден историски момент.

Привлекувајќи внимание на важноста на Генералната дирекција на вакафи на Турција, рече дека институцијата се координира со сопствен буџет и дека дава услуги преку кои луѓето ги прави среќни.

Демирџан, истакнувајќи дека богатството на вакафот е многу значајно за односите со земјите од регионот со кои имаат духовна поврзаност, рече: „Вакафот, тргнувајќи од таа одговорност, денеска ја отвори Алипашината џамија.“

Тој, посочи дека на чело со претседателот Ердоган особена важност на ова прашање му придава и министерот за култура и туризам на Турција Мехмет Нури Ерсој, рече дека односите со Северна Македонија ќе продолжат да се развиваат уште повеќе.

Демирџан истакна дека населението во Северна Македонија е многу задоволно од институциите на Турција, и додаде: „Ова отворање нема да биде отворање на последен објект - ќе има и во иднина. Ова е последниот прстен прикачен на ланецот на среќа.“

Истакнувајќи дека ова е историски момент, турската амбасадорка во Скопје Тулин Еркал Кара, истакна дека Република Турција преку разни институции спроведува реставрации во различни земји и дека на Република Северна Македонија се обрнува посебно значење.

„Оваа џамија беше сон на претседателот на Република Турција Реџеп Тајјип Ердоган. Би сакал да се заблагодарам на Генералната дирекција на вакафи, Министерството за култура и туризам и сите кои придонесоа, оние кои носеа цемент. Бидејќи како што можете да видите во минарето, џамијата има многу убав изглед. Оваа џамија ќе служи не само на нашиот народ, туку на сите исламски заедници во светот“, истакна таа.

- „Од џамиите не може да се очекува ништо лошо“ -

Заблагодарувајќи им се на сите што придонесоа за обнова на џамијата Али Паша, првиот човек на Исламската верска заедница на Северна Македонија (ИВЗ) Сулејман Реџепи, рече дека лоши работи не можат да се очекуваат во џамиите, бидејќи како што нагласи, тие се божји дом, исто како и црквите и синагогите.

„Џамијата Али Паша, која денес ја отвораме, е историска џамија во ова поднебје. Таа е дел од отоманското наследство, функционирала со децении и децении, беше во служба на муслиманскиот народ, исламот и целото општество, затоа што од џамијата не се очекува ништо лошо“, рече Реџепи.

Заменик-претседателот на Собранието на Северна Македонија Зекир Рамчиловиќ, истакна дека е многу возбуден што присуствува на отворањето на џамијата Али Паша и им се заблагодари на сите оние кои придонесоа за нејзино обновување.

„Голема благодарност до Турција и до турскиот народ и претседателот Ердоган, кои преку своите институции во Северна Македонија, ТИКА, Турската амбасада, овозможија да има ваков објект тука во Охрид, после еден век, каде што сите заедно ќе го величеме Алах и Неговиот збор“, рече Рамчиловиќ.

- Реставрацијата чинеше 14 милиони лири (околу 2,2 милиони евра) -

Алипашината џамија во Охрид е изградена во 1573 година од страна на Сулејман-паша, а во 1823 година извршени се поправки од страна на белградскиот везир Али-паша од Мараш. Минарето на џамијата која беше регистрирана во вакафот Везир Али-паша е срушено во 1912 година во бомбардирањето за време на Балканските војни.

Главниот простор на џамијата со една купола започнал да се распаѓа во последните години.

Работите на реставрацијата започнаа по протоколот потпишан на 1 април 2015 година помеѓу Генералната дирекција на вакафи на Турција и Исламската верска заедница (ИВЗ) на Северна Македонија.

Работите се одвиваа врз основа на документи подготвени од Заводот за заштита на спомениците на културата и Музеј - Охрид кои ја прикажуваат оригиналната состојба на џамијата.

Во рамките на реставрацијата, зајакнати се ѕидовите на џамијата, куполата е покриена со олово и повторно е изградено минарето во висина од 32 метри, украсено во согласност со оригиналот, направени се мермерни фонтани, а исто така уредена е и околината.

Реставрацијата чинеше 14 милиони лири (околу 2,2 милиони евра).

Охридската Алипашина џамија е втор реставраторски проект на Генералната дирекција на вакафи на Турција во Северна Македонија, а 13-ти проект за реставрација на целиот Балкан. (Агенција Анадолија-АА)



Слични вести