Земјотрес со јачина од 6,1 степен во јужниот дел на Пелопонескиот Полуостров во Грција

Атинскиот Институт за геодинамика соопшти дека во 09:23 часот по локално време е евидентиран земјотрес со јачина од 6,1 степн во подрачјето помеѓу островите Китира и Крит во јужниот дел на Пелопонескиот Полуостров, на длабочина од 20 километри во морето

1313432
Земјотрес со јачина од 6,1 степен во јужниот дел на Пелопонескиот Полуостров во Грција

Во јужниот дел на Пелопонескиот Полуостров во Грција утрово се случи земјотрес со јачина од 6,1 степен според Рихтер.

Според првите добиени информации од Атинскиот Институт за геодинамика, земјотресот е евидентиран во 09:23 часот по локално време во подрачјето помеѓу островите Китира и Крит во јужниот дел на Пелопонескиот Полуостров на длабочина од 20 километри во морето.

Локалниот печат соопшти дека земјотресот со јачина од 6,1 степен според Рихтер е силно почувствуван во едно широко подрачје од главниот град Атина на оддалеченост од 258 километри до островот Крит. 

Од друга страна, грчките геолозите други експерти за земјотреси истакнуваат дека земјотресот нема врска со вчерашниот земјотрес што ја погоди Албанија.

Засега нема информации во врска со тоа дали во земјотресот има човечки загуби или дали е причинета материјална штета.



Слични вести