Утре свечено ќе биде отворена Алипашината џамија во Охрид

По завршување на реконструкцијата и изградбата наново на нејзиното минаре кое било урнато пред 107 години утре (28 ноември, четврток) свечено ќе биде отворена Алипашината џамија во Охрид

1313501
Утре свечено ќе биде отворена Алипашината џамија во Охрид

Генералната дирекција на вакафи на Турција соопшти дека е завршена реконструкцијата на Алипашината џамија во Охрид и се очекува утре (28 ноември, четврток) таа свечено да биде отворена.

Аднан Ертем, генерален директор на Генералната дирекција на вакафи на Турција, изјави дека џамијата во Охрид е изградена во 1573 година од страна на Сулејман Паша, а во 1823 година извршени се поправки од страна на белградскиот везир Али Паша од Мараш, по чие име и се споменува, истакнувајќи дека објектот е вакафско дело.

Генералниот директор Ертем информираше дека минарето на џамијата на везирот Али Паша која е регистрирана во име на вакафот е урнато пред 107 години, а џамијата која што опстанала до денес е составена од дебелите основни ѕидови, чија основа претставува еднокуполен квадратен базен простор.

Тој истакна дека по добиеното барање за реставрација, во соработка со Претседателството на Исламската заедница на Северна Македонија, дошол во земјата, каде што на 1 април 2015 година е потпишан протокол за реставрација.

Ертем истакна дека по спроведениот тендер од страна на Генералната дирекција на вакафи на Турција и во соработка со Заводот за заштита на спомениците на културата и Музеј - Охрид, доставени се проекти кои го прикажуваат оригиналниот изглед на џамијата и посочи дека реставрацијата е изведена врз основа на тие документи и додаде:

„Проектот беше одобрен на 14 јуни 2016 година од страна на Високиот совет за заштита на културното наследство на Северна Македонија. Во согласност со проектот, реставрацијата на објектот започна на 22 март 2017 година. Во реставрацијата на џамијата која е вакафски објект, одново е изградено минарето со висина од 32,5 метри кое е урнато во почетокот на 20 век. Целосната работа околу реставрацијата заврши минатиот месец.“

Алипашината џамија во Охрид ќе биде свечено отворена утре (28 ноември, четврток), а се очекува на отворањето да учествуваат и заменик-министерот за надворешни работи на Турција Јавуз Селим Киран и заменик-министерот за култура и туризам на Турција Ахмет Мисбах Демирџан. (Агенција Анадолија-АА)

 

 



Слични вести