Турските екипи ги започнаа активностите за пребарување и спасување во Драч, Албанија
Екипите предводени од Управата за елементарни непогоди и итни состојби (АФАД) меѓу рушевините реализираа активности со сеизмички уред со звучно слушање

Турските екипи за пребарување и спасување кои пристигнаа во градот Драч, во Албанија, кој вчера рано наутро беше погоден со земјотрес со јачина од 6,4 степени, ги започнаа активностите за пребарување и спасување во погоденото подрачје кадешто се срушени и тешко оштетени голем број згради.
Екипите предводени од Управата за елементарни непогоди и итни состојби (АФАД) меѓу рушевините реализираа активности со сеизмички уред со звучно слушање.
Турските експертски екипи ќе ги продолжат своите активности за пребарување и спасување меѓу рушевините бес прекин во смени.
Во подрачјето погодено од земјотресот се забележува дека е причинета голема материјална штета и дека има и голем број срушени и тешко оштетени изгради.
Инаку, веднаш по земјотресот со јачина од 6,4 степени вчера рано наутро во 03:55 часот по локално време чиј епицентар беше градот Драч, во погоденото подрачје пристигна екипа на турската Црвена полумесечина „Кизилај“ од Босна и Херцеговина и овде беа поставени шатори и беше доставена хуманитарна помош од којашто имаа потреба загрозените во оваа елементарна непогода.
Според последни добиени информации, во земјотресот животот го загубија 24 лица, повеќе од 600 лица се повредени, а од рушевините се спасени над 41 лице.
По главниот потресе со јачина од 6,4 степени со епицентар во градот Драч, а потоа и вториот силен удар од 5,5 степени кај ’Ртот Родон, во катастрофалното подрачје се случија повеќе од 250 последователни потреси.