Бројот на загинатите во земјотресот во Албанија се зголеми на 26 лица, а над 600 се повредени

Министерството за одбрана на Албанија соопшти дека бројот на загинатите во земјотресот во населеното место Тумане кај градот Драч се искачи на 26 лица

1313618
Бројот на загинатите во земјотресот во Албанија се зголеми на 26 лица, а над 600 се повредени

Бројот на загинатите во земјотресот со јачина од 6,4 степени според Рихтер, што го погоди вчера рано утрото подрачјето на градот Драч во Албанија, се искачи на 26 лица, а повеќе од 600 лица се повредени од кои некои потешко.

Екипите за пребарување и спасување од Турција и од некои други земји ги продолжуваат активностите за пронаоѓање на лицата кои се наоѓаат затрупани под рушевините.

Во објавеното соопштение од Министерството за одбрана на Албанија се истакнува дека бројот на загинатите во земјотресот во населеното место Тумане кај градот Драч се искачи на 26 лица.

Осен тоа, во соопштението се вели дека во 148 поставени шатори во селата во околината на населеното место тумане и градот Драч се сместени 2.150 лица кои останаа без своите домови.

Од друга страна, Министерството за здравство и Министерството за социјална заштита соопштија дека во земјотресот се повредени 658 лица од кои 8 потешко.

Во објавеното соопштение од Институтот за геологија, енергија, вода и животна средина на Албанија (IGJEUM), е споделена информацијата дека по главниот потрес со јачина од 6,4 степени што се случи вчера рано утрото во 03:55 часот, досега се регистрирани 524 последователни потреси од кои некои со јачина и од над 5 степени.



Слични вести