Уставни промени во Грција

На гласањето во парламентот на Грција усвоен предлог-законот за уставни измени

1312519
Уставни промени во Грција

По петдневните дискусии во парламентот, владата и опозицијата постигнаа согласност за измени во 9 членови на уставот на земјата, додека некои измени на опозицијата беа одбиени.

Според законот, уставните измени околу кои беше постигната согласност во грчкиот парламент опфаќаат одредби со кои државата дава гаранција претседателските избори да се одржат независно од евентуалното распуштање на парламентот поради предвремени парламентарни избори, укинување на ослободувањето на министрите од одговорноста за евентуални кривични дела по завршувањето на мандатот, ограничување  на имунитетот на пратениците со активностите во парламентот, признавање на правото за гласање на грчките граѓани кои живеат во странство и олеснување на оваа имплементација, признавање на правото на граѓаните директно доставување предлог-закон до парламентот доколку биде собран потребниот број на потписи, земање под државна гаранција на правото на граѓаните да имаат одредени примања.

Владата пред гласањето го одби предлогот на главната опозициона радикална левичарска коалиција СИРИЗА за избор на претседателот од страна на граѓаните и Комунистичката партија на Грција за укинување на странските воени бази во земјата и неодобрување на нови.



Слични вести