Помош од турската Црвена полумесечина „Кизилај“ за настраданите во земјотресот во Албанија

На два шлепери од страна на турската Црвена полумесечина „Кизилај“ се натоварени 120 шатори во кои можат да престојуваат илјада лица, 2.500 ќебиња и илјада кутии со хигиенски прибори

1312935
Помош од турската Црвена полумесечина „Кизилај“ за настраданите во земјотресот во Албанија

Турската Црвена полумесечина „Кизилај“, по земјотресот што се случи во Албанија со јачина од 6,4 степени во кој според последни добиени информации бројот на загинатите се искачи на 13 лица, со помош на два шлепери испрати во погоденото подрачје помош составена од шатори, ќебиња и хигиенски средства, како и 8 мина експерти за елементарни непогоди.

На два шлепери од страна на турската Црвена полумесечина „Кизилај“ се натоварени 120 шатори во кои можат да престојуваат илјада лица, 2.500 ќебиња и илјада кутии со хигиенски средства.

Екипите на „Кизилај“ ги подготвија своите планови и за испраќање на пакети со итна помош во храна за 2.500 лица и откако ќе пристигнат во погоденото подрачје помошта во храна од која постои итна потреба ќе ја обезбедат од тамошните фирми и ќе продолжат да им доставуваат помош на настраданите во земјотресот.

За операцијата за доставување хуманитарна помош во која се вклучени и 8 мина експерти за елементарни непогоди на турската Црвена полумесечина „Кизилај“,  доколку затреба се доведени во готова состоба за дополнително доставување и материјалите за помош коишто се чуваат во магацините на делегацијата на „Кизилај“ во соседна Бугарија.  

Претседателот на турската Црвена полумесечина „Кизилај“ Керем Киник изјави дека уште од првиот момент на земјотресот се следат одблизу случувањата и рече: „Постојано сме во контакт со албанскиот Црвен крст. Ги испративме нашите два шлепери со материјали за итна помош коишто беа побарани од нас и 8 мина наши експерти. Го известивме албанскито Црвен крст и за тоа дека сме спремни за доставување на поголема помош. Ги доведовме во готова состојба за нивно доставување и на нашите материјали за хуманитарна помош коишто се наоѓаат во нашите магацини во Бугарија, со што би можеле да одговори на евентуалните потреби. Го испраќаме нашето жалење до братскиот албански народ.“



Слични вести