Претседателот Акинџи замина за Берлин на тројна средба со Анастасиадис и Гутерес посветена на Кипар

Претседателот на Турската Република Северен Кипар (ТРСК) Мустафа Акинџи рече: „Заминуваме за Берлин за да утврдиме на која точка се наоѓаме, за да одлучиме како ќе го изодиме патот во иднина, односно во извесна смисла заедно да ја зацртаме патната карта“

1311701
Претседателот Акинџи замина за Берлин на тројна средба со Анастасиадис и Гутерес посветена на Кипар

Претседателот на Турската Република Северен Кипар (ТРСК) Мустафа Акинџи изјави дека заминува во посета на главниот град на Германија, Берлин, а како што рече на тројна средба со отворен дневен ред со генералниот секретар на Обединетите нации (ОН) Антонио Гутерес и лидерот на кипарско-грчкиот дел Никос Анастасиадис со цел утврдување на патната карта за изнаоѓање решение за кипарското прашање.

Според веста на Турската агенција на Кипар (ТАК), претседателот Акинџи пред да отпатува за Берлин на аеродромот Ерџан, во Лефкоша, даде изјава за печатот.

Мустафа Акинџи рече: „Заминуваме за Берлин за да утврдиме на која точка се наоѓаме, за да одлучиме како ќе го изодиме патот во иднина, односно во извесна смисла заедно да ја зацртаме патната карта.“  

Акинџи изрази надеж состанокот во Берлин да вроди позитивни резултати и го истакна следното: „Не би сакал да создадам многу големи очекувања. Одиме со отворен дневен ред. Бранејќи ги нашиот конструктивен став и нашите права, се надеваме дека ќе биде одговорено на нашиот став којшто е во услуга на мирот и решението на стабилен начин. Сметам дека господинот генерален секретар ќе одигра значајна улога.“

Велејќи дека процесите со отворен крај се однесуваа на минатото, Акинџи рече: „Затворен е периодот на преговори само за да би се преговарало. Постои потреба од процес којшто ќе биде фокусиран на резултат, ќе биде добро испланиран и добро етапно организиран.“

Претседателот на Турската Република Северен Кипар (ТРСК) Мустафа Акинџи наведе дека е поминато значајно растојание во работите коишто со иницијатива на Гутерес 2,5 години како продолжуваат, но дека овие работи не можеа целосно да бидат финализирани, а воедно нагласи дека посакуваат регионот да стане регион на мир и стабилност, а исто така и Кипар да придонесе кон тој мир и стабилноста.

„Средбата со господинот Анастасиадис на троен состанок со мене и со господинот генерален секретар на Обединетите нации (ОН) Антонио Гутерес, превенствено се појави како избор на генералниот секретар. Ние како двајца лидери го одобривме тоа и во тие рамки оваа средба се остварува утре вечер.“ - рече Акинџи.



Слични вести