Претседателот на Северна Македонија Пендаровски порача од Белград: Мини Шенген не претставува алтернатива за ЕУ

Претседателот на Северна Македонија Стево Пендаровски порача од Белград дека иницијативата „Мини Шенген“ за којашто се планира да ги опфати земјите од Западен Балкан не претставува алтернатива за Европската унија (ЕУ)

1310982
Претседателот на Северна Македонија Пендаровски порача од Белград: Мини Шенген не претставува алтернатива за ЕУ

Претседателот на Северна Македонија Стево Пендаровски во Белград се состана со српскиот претседател Александар Вучиќ со кого по остварената средба лице в лице одржаа и заендичка прес конференција.

Овде, Пендаровски истакна дека иницијативата „Мини Шенген“ за којашто се планира да ги опфати земјите од Западен Балкан не претставува алтернатива за Европската унија (ЕУ).

Тој напомена дека интеграцијата на Западен Балкан со Европската унија (ЕУ) претставува најдобар избор во точката на демократска трансформација на општеството.

Велејќи дека сака уште еднаш да го нагласи ставот на Северна Македонија по ова прашање, Пендаровски рече: „За нас не постои друга одржлива алтернатива освен членството во Европската унија (ЕУ). Европските интеграции остануваат долгорочна определба на Северна Македонија, а европските интеграции на регионот се најдобар начин за демократската трансформација на општеството.“

Стево Пендаровски подвлече дека членството во ЕУ претставува единствена одржлива алтернатива за Западен Балкан у нагласи дека иницијативата „Мини Шенген“ за којашто се планира да опфати шест регионални земји не претставува алтернатива за ЕУ.

Пендаровски напомена дека во оваа иницијтива треба да биде вклучена и Босна и Херцеговина, дека не сака да интервенира во проблемите помеѓу Косово и Србија, но дека иницијативата треба да ги опфати и шесте земји.

„Кога зборувам држави, немам никаква намера да се мешам во разговорите на Белград и Приштина околу идниот статус на Косово. Јас мислам дека треба да се најде некакво решение кое може сите, и Босна и Херцеговина и Црна Гора да ги внесе во 'Мини Шенген'. Само така ќе имаме бенефит сите што живееме во овој регион. Повторувам, без прејудицирање околу меѓународниот статус на Косово.“ истакна Пендаровски, претседателот на Северна Македонија.

Осврнувајќи се на прашањето на Косово, Пендаровски изрази очекување дека со помош на меѓународната заедница ќе бидат создадени услови за сериозен напредок на дијалогот и за изнаоѓање трајно решение на ова прашање, а воедно додаде дека решението мора да придонесува кон регионалната стабилност и безбедност и не смее да задира во суверенитетот на другите држави во регионот.

Претседателот на Србија Александар Вучиќ истакна дека иницијативата „Мини Шенген“ е значајна за доброто на земјите и народот и дека претставува најважна иницијатива настаната во регионот.

„Ние сакаме Приштина да влезе во тоа, без статусни прашања, Сараево и Подгорица исто така. Ние од ова ќе имаме огромна корист.“ - рече Вучиќ.

Српскиот претседател Александар Вучиќ напомена дека сите регионални земји чекаат да станат членки на Европската унија (ЕУ), но додаде дека не е сигурен во тоа дека ЕУ знае точно што сака од земјите од Западен Балкан.



Слични вести