Големо внимание привлече индиферентноста на Кипарско грчките партии кон палењето на знамето на ТРСК

Индиферентноста на Кипарско грчката управа и политичките партии на оваа земја наспроти палењето на знамето на ТРСК подразбира одобрување на истиот чин

1308150
Големо внимание привлече индиферентноста на Кипарско грчките партии кон палењето на знамето на ТРСК

Потпретседателот на владата и министер за надворешни работи на Турската Република Северен Кипар (ТРСК) Кудрет Озерсај остро реагираше на индиферентноста на Кипарско грчката управа наспроти палењето на знамето на ТРСК во рамките на свеченото одбележување на 36-та годишнина од формирањето на ТРСК.

Кудрет Озерсај во објавата преку профилот на твитер остро го критикуваше ставот на Кипарско грчката управа и политичките партии на оваа земја потенцирајќи дека навистина големо внимание привлекува индиферентниот став на Кипарско грчката управа и политичките партии кон овој настан.

Индиферентноста на Кипарско грчката управа и политичките партии на оваа земја наспроти палењето на знамето на ТРСК подразбира одобрување на истиот чин, рече Озерсај и додаде:

„Во суштина опасна е индиферентноста наспроти овој настан чија цел се Кипарските Турци. Особено лидерот на кипарските Грци Никос Анастасијадис се додека не излезе и не објави изјава во која ќе ги осуди овие случувања и не се преземат потребните мерки наспроти однесувањата кои можат да го поттикнат насилството, за жал ќе дојде до продлабочување на недовербата. Затоа го повикувам Анастасијадис да се раководи разумно наспроти овие случувања чија цел се Кипарските Турци и кои можат да предизвикаат потешки последици. Бидејќи индиферентноста не води кон добро.“



Слични вести