Пред 17 ноември, универзитетите во Грција под опсада на студентите

Во судирите меѓу студентите и полицијата во Атинскиот економски универзитет беа повредени некои студенти, а двајца беа приведени

1306659
Пред 17 ноември, универзитетите во Грција под опсада на студентите
yunanistan.jpg
yunanistan.jpg

Голем број студенти во Грција во знак на одбележување на годишнината од студентскиот бунт на 17 ноември против воената хунта на полковниците во Грција кои ја презедоа власта, универзитетите ги зедоа под опсада.

Студентите во знак на протест на одлуката на раководителите на некои универзитет во Атина за одложување на наставата до 17 ноември, со цел да се спречат случувањата, зедоа под опсада неколку универзитети во Атина, Солун и другите градови во земјата.

Меѓу универзитетите кои беа земени под опсада со заедничка одлука на студентските здруженија се наоѓаат и некои угледни и афирмирани универзитети како што се Атина Пантион, Атина Каподистриа, Солун Аристотелес и Патрас.

По одлуката за привремен прекин на студиите во некои подрачја, студентите ги заклучија вратите на универзитетите, поради што повремено се доживува напнатост меѓу студентите кои на сила сакаат да влезат во универзитетите и полицијата.

Во судирите меѓу студентите кои присилно влегоа во Атинскиот економски универзитет каде што беше одложена наставата и полицијата, беа повредени некои студенти, а двајца беа приведени. Полицијата за растерување на групата од околу 200 студенти употреби солзавец и звучни бомби.



Слични вести