Елвин Хасан: Со зачленување на Северна Македонија во ЕУ турските инвеститори ќе добијат побројни можности

Министерот без ресор задолжен за странски инвестиции на Северна Македонија Елвин Хасан во Сакарја истакна дека со зачленување на Северна Македонија во Европската унија (ЕУ) турските инвеститори ќе добијат подобри можности“

1306750
Елвин Хасан: Со зачленување на Северна Македонија во ЕУ турските инвеститори ќе добијат побројни можности

Министерот без ресор задолжен за странски инвестиции во Владата на Северна Македонија Елвин Хасан, истакна дека во Северна Македонија треба да има поголем број турски инвеститори.

Хасан имаше свое обраќање на состанокот посветен на инвестициите, организиран од страна на Трговско-индустриската комора во градот Сакарја, каде што нагласи дека се отстранети сите пречки пред членството на Северна Македонија во НАТО.

„Нашето членство во НАТО ќе даде гаранција. Од аспект на бизнисмените, Република Северна Македонија веќе се смета безбедна земја“, рече Хасан, нагласувајќи дека во последниот период се зголемени бројките во областа на вработеноста, инвестициите и извозот.

„Бројките во економијата покажуваат дека оваа Влада е успешна. Се надеваме дека овие бројки ќе се зголемат преку турските инвестиции кои ќе се реализираат сега и во наредниот период“, додаде тој.

Министерот без ресор задолжен за странски инвестиции на Северна Македонија Елвин Хасан нагласи дека во земјата се наоѓаат инвестиции од различни земји како Германија, Велика Британија, Шведска и САД.

„Кога ќе се земе предвид поддршката која Република Турција ѝ ја дава на Северна Македонија од 1991 година, сметаме дека бројката на турските инвеститори треба да биде поголема“, рече Хасан.

„Нашата земја се смета како порта која се отвора кон ЕУ“, нагласи тој.

Според него, очекуваат во наредните 4-5 години да го започнат и завршат процесот за членство во ЕУ.

„Верувам дека нашата земја ќе стане членка на ЕУ. Со тоа, турските инвеститори во неа ќе станат европска компанија и ќе добијат подобри можности“, истакна Хасан. ( Агенција Анадолија „АА“)



Слични вести