Во вториот круг од претседателските избори во Романија ќе се натпреваруваат Јоханес и Данчила

Во вториот круг од претседателските избори во Романија кои се закажани за 24 ноември ќе се натпреваруваат актуелниот претседател Клаус Јоханис и поранешната премиерка Ворика Данчила

1304136
Во вториот круг од претседателските избори во Романија ќе се натпреваруваат Јоханес и Данчила

Поради тоа што ниту едниот од кандидатите не успеа да доби доволен број гласови на одржаниот прв круг од предвремените претседателски избори во Романија кој се одржа вчера, на 24 ноември ќе се оди на втор круг.

Според објавеното писмено соопштение од Изборната комисија  на Романија, во првиот круг од предвремените претседателски избори кој се одржа вчера се натпреваруваа 14 кандидати и ниту еден од нив не  успеа да го добие потребното мнозинство гласови.

Од вкупно регистрирани 18 милиони гласачи, процентот на излезеност вчера во првиот круг од изборите изнесуваше 47 отсто.

Според неофицијални резултати, во првиот круг двајцата најсилни кандидати на изборите  лидерот и кандидат на Националната либерална партија (ПНЛ) кој воедно е и актуелен романски претседател Клаус Јоханис освои 39 отсто, а кандидатката на Социјалдемократската партија (ПСД) и досегашна премиерка на Романија Виорика Данчила освои 22,5 отсто од гласовите на бирачите.

На тој начин, поради тоа што ниту еден од кандидатите не успеа да освои 50 отсто плус еден глас во првиот круг од предвремените претседателски избори, на 24 ноември ќе се оди на втор круг, во кој трката ќе се води помеѓу актуелниот претседател Клаус Јоханис и поранешната премиерка Виорика Данкила.



Слични вести