Церемонии во Амбасадите на Турција во Балканските земји по повод 10 ноември, 81. годишнина од смртта на Ататурк

На церемонијата во Амбасадата на Турција во главниот град на Северна Македонија, Скопје, му беше оддадена почит на Ататурк, беше интонирана турската химна, а свое обраќање имаше и заменик-амбасадорот на Турција во Скопје Умут Лутфи Озтурк

1303678
Церемонии во Амбасадите на Турција во Балканските земји по повод 10 ноември, 81. годишнина од смртта на Ататурк

Денеска како насекаде низ Турција, така и во странство, во дипломатско-конзуларните претставништва на Турција, уште еднаш беше потсетено и му беше оддадена почит на основоположникот на Република Турција големиот лидер Гази Мустафа Кемал Ататурк, на 81. годишнина од неговата смрт, на 10 ноември 1938 година кога ги затвори своите очи и се пресели во неговиот вечен дом.

Точно во 09:05 часот кога почина големиот лидер Ататурк беа одржани церемонии на кои му беше оддадена почит на великанот на турскиот народ, беше интонирана националната химна на Турција и беа организирани програми и различни манифестации во Амбасадите на Република Турција и во Скопје во Северна Македонија, Тирана во Албанија, Приштина во Косово, Белград во Србија, потоа во родната куќа на Ататурк во Солун во Грција и во други земји од регионот и ширум светот.

На сиве овие церемонии, програми и манифестации за сеќавање на големиот лидер Ататурк на 81. годишнина од неговата смрт, учествуваа персоналот на амбасадите на Турција , претставници на турските организаци и институции во земјите од регионот и светот, политичари и голем број граѓани.

На церемонијата во Амбасадата на Република Турција во главниот град на Северна Македонија, Скопје, по овој повод, исто така му беше оддадена почит на Ататурк, беше интонирана националната химна на Турција, а свое обраќање имаше и заменик-амбасадорот на Турција во Скопје Умут Лутфи Озтурк.

Денеска, по повод 10 ноември, на 81. годишнина од смртта на осноповоложникот на Република Турција големиот лидер Гази Мустафа Кемал Ататурк беше одржана церемонија и во неговата родна куќа во градот Солун во Грција.

По оддавање почит и интонирање на националната химна на Турција, посетителите ја посетија родната куќа на Ататурк.

 

 



Слични вести